9 знаци кои покажуваат дека имате скриени видовити способности

Видовитите способности се разликуваат од личност до личност. Разликата во начините на кои луѓето доаѓаат и се обидуваат да ги исполнат своите цели, аспирации и соништа го отежнува создавањето на вообичаените директиви и животни насоки. Но, според неколку духовни водачи, па дури и научници, следниве неколку знаци сепак можат да послужат како добар показател дека сте личност која во себе крие големи пртскажувачки способности.

9 симптоми кои покажуваат дека имате скриени психички способности

1. Имате чести главоболки

Овој знак може да биде многу непријатен, и да се развие како последица на бројни причини. Болката може да ја почувствувате на ист начин како кога ве болат мускулите. Можеби потсвесно преземате болка или ја рефлектирате болката на другите. Се разбира, доколку главоболките се почести, најдобро е да посетите лекар и без оглед на причината, пијте вода, јадете овошје и зеленчук и медитирајте – по овој редослед.

2. Имате искуство со тишината

Ова необично чувство може да биде многу вознемирувачко. Како што вашите способности за претскажување се изоструваат, така ќе можете да го слушнете целиот свет околу себе. Не собирате специфични мисли, намери или чувства. Наместо тоа, вие чувствувате „тежина“ од присуството на тие информации. Оваа лажна тишина е начинот на кој вашиот мозок ве штити од преплавување со видовити информации.

3. Честопати од вас се бара совет и интуитивна перспектива

Луѓето често доаѓаат и ви зборуваат за своите желби и потреби. Тоа можат да бидат познаници, пријатели, но и не толку познати личности. Кога ви пристапува некоја непозната личност, едноставното дајте сѐ од себе и немојте да пресудувате, туку само активно слушајте. Доколку по неколку минути разговор тие почнуваат да ви се отвораат, тоа е силен показател дека им недостасува личност за разговор и дека почувствувале некоја необична поврзаност со вас.

4. Имате искуство со екстремни сензации

Овие примери можат да се јават во разни варијанти, а една од нив е промената на температурата локализирана на одредени делови од екстремитетите (ладни или топли дланки, ладна лева страна, ладна потколеница и слично). Исто така, можете да почувствувате бран енергија кога, на пример, некој ве набљудува и одеднаш да добиете силни емоции.

5. Различни нивоа „видовитост“

Барате решение за проблемот и одеднаш се чувствувате како некој да ви го дошепнал одговорот во уво. Тој одговор не мора секогаш да биде крајното решение, но ќе бидете значително поблиску до него. Тоа чувство не може лесно да се објасни, но слично е кога вашата интуиција сака нешто да ви каже. Без вербална комуникација, вие знаете што сакаат другите. Личноста која не ја познавате може да влезе во собата и уште пред да каже нешто, можете да почувствувате кои се нејзините намери. Истото се случува и со личностите кои ви се познати.

6. Можете да ги видите „аурите“

Поконкретно, можете да ги видите и да ги препознаете облиците и боите кои зрачат од луѓето. Можат да се појават како бранови или вибрации во воздухот.

7. Природно ви се појавуваат луцидни соништа

Вие имате природна рафинирана и силна врска со своите ментални и духовни аспекти, што ви овозможува и „подобро“ и пореално сонување. Имате живи сништа и ги паметите деталите дури и кога ќе се разбудите. Поради нивната луцидност и симболика, вашите соништа често знаат да бидат и предвесник за некои настани во иднината.

8. Имате силно развиена емпатија

Интензивно, живо и јасно можете да го почувствувате она што другите личности околу вас го чувствуваат. Понекогаш, врз основа на тоа, можете пред нив да пронајдете решение за нивниот проблем или начин да ја контролираат својата возбуда, и соодветно да ги посоветувате како да постапат во дадена ситуација.

9. Имате чувство на неприпадност

Не ги поднесувате гужвите, а на големите социјални настани не се чувствувате баш најдобро. Можете да ги издржите ваквите збиднувања, но ќе ја почувствувате и лажната тишина која се спомнува погоре и која ќе ви овозможи да ги блокирате прегласните звуци и чувства. Се чувствувате како да не припаѓате на ова место, ниту пак во ова време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. тена Reply

    Психички способности?! Ако сте го превеле ова од psychic abilities тогаш не е точно. Фразата би била – видовити, моќ за предвидување итн. Поздрав

Остави коментар