8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

„Жените се мрзливи“. „Нашите мајки нè одгледале без помош и биле среќни“. Ова се чести фрази што можете да ги слушнете и од мажи и од жени. Тие си замислуваат свет со силни жени кои одгледувале деца и работеле на полето со широка насмевка на нивното лице. Тие веруваат дека сите биле среќни и порано живееле по 100 години. Се разбира, ова не е вистина и ситуацијата била многу поразлична. Бидејќи сè уште постојат погрешни верувања за животот во минатото, во продолжение откријте што навистина се случувало.

1. Жените биле убави, а модерните „вештачки“ девојки не можат да се натпреваруваат со нив

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Како изгледал вообичаениот ден на една жена на крајот од 19-тиот век? Жените кои живееле во градот работеле како медицински сестри, кондуктерки, дактилографки и секретарки. Оние кои живееле на село одгледувале добиток и работеле на полињата.

Напорната работа, сонцето, честите бремености и неразвиената медицина имале лошо влијание врз здравјето на жените, па до 30-тата година тие се претворале во стари жени. Етнографката Олга Семенова ја проучувала културата на луѓето од Источна Европа и еве како ги опишала жените кои живееле во селата:

„Мислењето за убавина на сиромашните е навистина примитивно. Жените навистина изгледаат добро на возраст од 15-16 години (после 16, нивните тела се менуваат поради напорната работа). Колку порано девојката стапи во брак, толку побрзо станува изморена.“

2. Браковите биле стабилни и немало толку многу разводи

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

На почетокот на 20-тиот век, сè уште постоеле договорените бракови. Разводот бил ретка појава поради неколку причини – осудувањето од општеството, религијата и легалните проблеми. За да се разведе, жената требало да има цврсти докази за неверство или насилство од страна на сопругот. Покрај тоа, целиот процес бил скап и можеле да си го дозволат само богатите.

3. Жените се породувале сред поле и сè било во ред

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Жените раѓале по многу деца, но не заборавајте на стапката на смртност кај децата. На пример, познатиот изумител и воен инженер Микаил Калашников бил 17-тото дете во неговото семејство. Биле вкупно 19 деца, а преживеале само 8. Децата најчесто умирале пред да наполнат една година, најмногу поради инфекции, лоша хигиена или недостаток од храна. Покрај тоа, мајките често немале знаење за тоа како правилно да се грижат за децата.

Самото породување било ризичен процес. Жените умирале од инфекции бидејќи лекарите често работеле со валкани раце и со нестерилни инструменти.

4. Честото породување го подмладува телото, па поради тоа жените не страдале од онколошки заболувања

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Луѓето отсекогаш страдале од онколошки заболувања. Раните симптоми на рак биле забележани и кај древните египетски мумии. Во втората половина од 19-тиот век, научниците научиле да го дијагностицираат и да го лекуваат ракот на дојката. Обидите не биле секогаш успешни, а само оние кои живееле во градот имале можност за ваков третман.

Во селото, медицината била во лоша состојба и повеќето болести воопшто не биле дијагностицирани. Поради честите бремености, недостатокот од храна и напорната работа, жените страдале од пролапс на матката. Чести биле и инфективните болести како сипаници, туберкулоза, колера и тифус.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар