8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Можеби сметате дека малите сипаници се нешто од минатото што нема никаква поврзаност со модерниот свет. Но од 2017-та година, се појавија сериозни епидемии во многу држави ширум светот. Лекарите тврдат дека епидемиите се резултат на пропагандата против вакцинација која, за жал, станува сè попопуларна. Во продолжение погледнете некои од митовите во кои веруваат „антиваксерите“ и зошто тие се погрешни.

1. Никој во државата нема морбили, па нема потреба од вакцинирање

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Ова е репрезентација на здрави луѓе кои се среќаваат со личност инфицирана со морбили. Според статистиката, 9 од 10 луѓе ќе се разболат, а еден од нив ќе има компликации.

Понекогаш овој аргумент звучи малку поразлично – живееме во 21-виот век и морбилите би требало да бидат искоренети во 20-тиот, па дури и 19-иот век. Се разбира, ова е само делумно вистина. Покрај вакцинациите, променет е и нашиот начин на исхрана, заедно со хигиената и развојот на медицината. Но стапката на смртност од некои болести е намалена уште пред појавата на вакцините.

За да ја разберете важноста на вакцините, треба да ја погледнете статистиката. Во 1968-ма година, Велика Британија започнала со употреба на вакцини за морбили. Благодарение на ова, 20 милиони луѓе избегнале инфицирање, а 1.500 луѓе избегнале смрт.

Дури и ако нема епидемија во некоја држава, како можете да бидете сигурни дека вирусот нема да дојде со некој турист? Во овој случај, морбилите би се прошириле речиси инстантно. Истото важи и ако одите во странство – најдобро е да се вакцинирате за ваша безбедност.

2. Дури и ако се вакцинирате, можете да се разболите

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Вистина е дека ниту една вакцина не може да ви даде 100% имунитет. Но со морбилите, овие бројки се околу 93-97%. Во ретки случаи можно е да се инфицирате, бидејќи сите луѓе се различни, а имунитетот на некои личности функционира различно. Ова е сосема нормално и не значи дека не треба да се вакцинирате.

3. Вакцините за морбили предизвикуваат аутизам

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Во 1998-ма година, научниот весник Lancet објавил текст за поврзаноста помеѓу аутизмот и вакцините за морбили. Подоцна, идеите на авторот биле побиени и текстот бил избришан. Но, луѓето кои го прочитале не можат да го заборават.

Модерните антиваксери често го користат овој аргумент кога велат дека вакцините се опасни – тие тврдат дека предизвикуваат аутизам. Интересно е што дури и развиените држави не се ослободени од оваа лажна информација.

4. Телото на бебето не може да поднесе толку многу вакцини

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Пред да наполнат 2 години, децата добиваат околу 10 вакцини. Некои родители се загрижени за бројот на вакцини и веруваат дека детското тело не може да ги поднесе. Тие веруваат дека секоја инјекција ослободува илјадници опасни бактерии во телото на бебето, што го уништуваат неговиот имунолошки систем.

Ова не е вистина. Вакцините содржат ослабени вируси кои не предизвикуваат штета. Тие само го „учат“ имунолошкиот систем како да развие свој одбранбен систем. Телото на бебето може да одговара на антигени (вакцините се токму ова) уште пред да биде родено.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар