ТВ серија: Црно лето (Black Summer)

Мајка ја бара својата ќерка во цивилизација што се распаѓа по појава на зомбиња

Главни улоги: Сал Велез Јуниор, Ејдан Финк, Кеш Хил

Жанр: акција, драма хорор

Креатори: Џон Хијамс, Карл Шефер

Премиера: 15 март 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 10 (1 гласа, просек: 9.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Оваа ТВ серија треба да ни покаже како пропаднала цивилизацијата и како довела до создавање на новото бизарно општество што секојдневно се бори против зомбиња во неодамна откажаната „Нација З“ (Z Nation). Но, за разлика од својот претходник, каде што комедијата често надвладува над драмата, овој пат имаме многу посериозен поглед кон целата ситуација. Всушност, ако сте ја гледале „Нација З“, нема да можете да најдете ниту една сличност во начинот на раскажување со „Црно лето“ и ќе ви делува како сосема нова ТВ серија за почеток на апокалипса со зомбиња.

Тоа што е добро кај оваа приказна е нејзината структура. Првата епизода, која трае скоро 60 минути, ги претставува главните ликови во неверојатни детали. Станува збор за група исплашени луѓе од предградието кои воопшто не се подготвени за ситуацијата во која ќе западнат. Тие немаат никаков тренинг за преживување, но поради сплет на околности и можеби малку среќа, ќе „испливаат“ на површината и ќе успеат да го преживеат првиот бран на хаос и паника поради започнувањето на апокалипсата. Целиот живот на човештвото се менува за само неколку часови.

Единственото нешто што на некој начин ги поврзува „Нација З“ и „Црно лето“ е покажувањето на најтемната страна на човештвото. Дури и покрај тоа што светот завршува, луѓето едноставно продолжуваат да го прават тоа што го сакаат, и не се грижат за никој друг освен за себе. Од друга страна пак, тоа што е карактеристично за оваа приказна, не е преживувањето на најсилните, што најчесто се гледа во овој жанр. Баш напротив, во текот на епизодите ќе го забележите токму спротивното. Па, ако сте расположени за нова апокалипса со зомбиња, со брзо темпо на развивање и одличен тек – „Црно лето“ е одличен избор за вас!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар