Претходно
11-те најубави и најинспиративни цитати на Тупак Шакур поради кои уште повеќе ни недостасува
На денешен ден, Тупак Шакур требаше да наполни 44 години. Во негова чест еве неколку од неговите најискрени и најинспиративни цитати и стихови.
1. „Реалноста е лажна, соништата се реални.“

2. „Сите војуваат со различни нешта… Јас понекогаш војувам со сопственото срце.“

3. „Криминал ли е ако се борам за она што е мое?“

4. „Мајка ми отсекогаш ми велеше: Ако не можеш да најдеш нешто поради кое вреди да се живее, подобро најди нешто вредно за умирање.“

5. „Не сакам да бидам пример. Само сакам да бидам некој што ќе рече: ова сум јас, ова е она што го правам и го кажувам она што го мислам.“

6. „Смртта не е најголемата загуба во животот. Најголемата загуба е она што умира внатре додека телото е сѐ уште живо. Никогаш не се предавај.“

7. „Јас сум продукт на општеството. Ваков ме направија, но сега го кажувам она што го мислам, а тие не го сакаат тоа. Таков ме направи ти, Америка.“

8. „Мислам дека луѓето што се земаат за пример во денешно време не треба да се ставаат на пиедистал. Тие се како ангели со скршени крилја.“

9. „Не велам дека ќе владеам со светот, нити дека ќе го променам, но ви гарантирам дека ќе ја поттикнам свеста која ќе го промени светот.“

10. „Лудо е што сѐ луѓето се спремни да направат за да стигнат до моќ.“

11. „Низ секоја темна ноќ се пробива светол ден. Без разлика колку е тешко, исправете се, кренете ја главата високо и издржете. “






























