10 кул дрвени гаџети

10 кул дрвени гаџети

Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.

За поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.
.

1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…
.

2. Слушалки од шперплоча

10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.
.

3. Дрвен УСБ драјв

10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.
.

4. Вазна од расцепено дрво

10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.
.

5. Дрвени часовници

10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.
.

6. Дрвени звучници за мп3 плеери

10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.
.

7. Дрвен док со звучник за ајпод

10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.
.

8. Дрвена футрола за лаптоп

10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.
.

9. Дрвено радио

10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.
.

10. Звучник – дрвено јаболко

10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. elina Reply

    Mala ispravka 2.Slusalki od iveric- toa ne e iverica, tuku lmelirano drvo, ili ako sakate pojasno, slepeni furnirski listovi , koi so pomos na parea i pritisok se dobivaat kako otpresoci i imaad odredena elasticnost, i toa e mnoooooogu razlicno od iverica 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Фала за забелешката и за образложението 🙂

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор