Книга: „Подмолна убавина“ - Ребека Џејмс

Книга: „Подмолна убавина“ – Ребека Џејмс

Тинејџерски трилер со сите нишани, приказна за сестринската љубов, пријателите и предизвиците кои со себе ги носат најлудите години од нашите животи

(1) kniga-podmolna-ubavina-rebeka-dzhejms-kafepauza.mkТинејџерските драми и трилери, или young adult fiction ако сакате, толку го освоија книжевниот свет, што се чини невозможно да не налетате на некоја ваква книга, па колку и да не се вашиот омилен жанр. Бегајќи од напнатите психолошки трилери и драми кои ги читав во последно време, решив да сменам и да се обидам со нешто полесно – и дефинитивно не успеав. Иако е пишувана во многу полесен и поедноставен стил и е наводно наменета за помлада публика „Подмолна убавина“ нема баш лесна тематика. Приказната се врти околу главниот лик Кетрин и истовремено следи три важни периоди, животот после смртта на нејзината помалечка сестра, животот откако ја запознава Алис и конечно животот со нејзината ќеркичка.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Кетрин е повлечена, мистериозна девојка која одбива да се дружи со нејзините врсници, поточно одбива да се дружи со кој било, таа е сериозна девојка која изгледа како никогаш да не се забавува. Алис е најпопуларната девојка во училиштето, шармантна и преубава со неверојатна способност да ги натера луѓето околу неа да прават токму сè што ќе посака. Па така кога Алис решава дека Кетрин ќе биде нејзината нова најдобра другарка, Кетрин нема што многу да направи освен да ја прими во нејзиниот живот и притоа да се чувствува благодарно за вниманието кое го добива. Никогаш не претпоставува зошто Алис ја избира токму неа, осаменоста и депресијата во којашто запаѓа поради смртта на сестра ја оддалечува од нејзините врсници и Кетрин едноставно сака да биде меѓу луѓе коишто ќе ѝ дозволат да се чувствува младо, слободно па и по малку будалесто. Вистината е дека Кетрин се обвинува за смртта на нејзината сестра и токму поради тоа не може да продолжи нормално со својот живот, чувствувајќи вина за сè убаво што доживува.

Алис многу брзо ѝ влегува под кожа и Кетрин, иако многу претпазлива и внимателна, почнува да се опушта во нејзино друштво и да ѝ верува, па наскоро ја открива пред неа нејзината голема и мрачна тајна – како всушност умрела Рејчел, помалата сестричка. Но, она што не го очекува се наглите промени во расположението на Алис, која од ултразабавна, дури екстатична станува зајадлива, мрачна па и злобна. Со текот на времето, Алис ја покажува нејзината темна страна, почнува постојано да ја повредува новата најдобра другарка со злобни коментари, да ѝ ги уништува ретките среќни моменти и едноставно не можете а да не ја забележите нејзината опседнатост со Кетрин. Во меѓувреме, Кетрин и покрај чудното однесување на Алис, конечно почнува да ја прифаќа тажната судбина и учи како да живее со неа, наоѓајќи нова љубов и со тоа надеж дека можеби сепак сè ќе биде во ред на крајот. Алис за жал, не може да се помири со нејзината среќа и наскоро Кетрин ја дознава вистинската причина за нејзината опседнатост со неа и конечно вистината дека никогаш не биле другарки, но за жал предоцна за да успее да се извлече лесно од нејзините лоши намери.

(2) kniga-podmolna-ubavina-rebeka-dzhejms-kafepauza.mk

Како што споменав, книгата е пишувана во доста лесен стил и многу брзо се чита, и можеби поради тоа не почувствував дека премногу се поврзав со ликовите па дури и со целата тажна приказна. Ми се допаднаа тинејџерските собиранки, слободата која на некој начин се чувствува додека се забавуваат и уживаат во најлудите години па дури и неколку интересни размислувања и нивните гледишта на светот. Секако, покрај Кетрин и Алис има уште неколку важни ликови околу кои е изградена приказната, но за сите заедно можам да го кажам дека ги обележува она што според мене е присутно кај сите тинејџерски книги, филмови, серии, а тоа е фактот дека никогаш не можам вистински да поверувам дека станува збор баш за тинејџери, за толку млади луѓе. Неколку пати морав да се потсетам дека читам за 16-годишна девојка, а не за некој далеку постар, што е прилично нормално кога главните ликови се толку млади а живеат сами, без ограничувања и без некој посериозен надзор од постарите.

Во секој случај, интересно четиво кое реално би имало најголемо влијание врз помладата публика, како што и се очекува, па топло ја препорачувам на сите наши помлади читатели кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носат највозбудливите години во нашиот живот. Ако не друго, секогаш е добро некој да ви вреже во глава неколку добри правила:

  • Секогаш останете блиску до пријателите кога сте на забава, особено меѓу непознати и кога се консумира алкохол;
  • Никогаш, ама баш никогаш не влегувајте во кола со непознати, колку и да е очајна ситуацијата во која се наоѓате;
  • Не верувајте им лесно на луѓето околу вас, злобата понекогаш знае да има и убаво лице.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 15 јануари 2014.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Софија Петковска Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Софија Петковска

  2. slagjana spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Slagjana Spasenovska

  3. Марина Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Марина Тасевска 🙂 Среќни празници со кафе пауза 😀

  4. Кате Крстевска Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  5. Jovana Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Jovana Bozinovska

Напиши одговор на Jovana Откажи одговор