Затемнувањето на Сонцето на 30 април ни носи важен настан: Космички повик за промена!

Затемнувањето на Сонцето на 30 април ни носи важен настан: Космички повик за промена!

На 30 април нè очекува млада Месечина во Бик, но и првото затемнување на Сонцето во 2022 година. Иако се работи за делумно затемнување, сепак ќе ни отвори нови врати и ќе ни донесе нови можности.

Затемнувањето на Сонцето на 30 април ни носи важен настан: Космички повик за промена!

Доколку постои нешто што силно го посакувате, ова ќе биде идеалниот момент да се поврзете со вашата желба и да видите што ќе се случи.

Од друга страна, затемнувањата имаат тенденција да предизвикаат судбински настани кои ќе ни помогнат да стигнеме до следното поглавје од нашата духовна еволуција.

Тие имаат моќ да нè изненадат, но да не заборавиме дека тие го помагаат текот на настаните кои треба да се случат, иако нам не ни изгледа така на почетокот.

Ова особено важи за ова затемнување на Сонцето, бидејќи планетата Уран е многу активна. Освен тоа, Уран е познат по тоа што носи убави и пријатни изненадувања. Неговата енергија ветува радикална промена. Иако понекогаш делува на шокантен начин, сепак, неговата цел е да внесе повеќе слобода во нашите животи и да нè ослободи од сè што нè кочи за да продолжиме да чекориме на патот кон целта.

За време на ова затемнување, размислете како оваа енергија ви влијае. Кои чекори треба да ги преземете за да постигнете вистинско ослободување? Како вашиот живот може да постане вистински одраз на вашето „автентично“ јас?

Од друга страна, Уран е и планета на будењето, па доколку се случи некакво изненадување пред ова затемнување, третирајте го како еден вид повик за будење што ќе ви овозможи да ги процените вашите постапки.

Јупитер и Венера ќе бидат во совршена хармонија под ова затемнување, нудејќи топли и нежни вибрации. Ќе ни биде полесно да ги прифатиме сите промени благодарение на нивната енергија.

Оваа планетарна комбинација, покрај другото, може да овозможи и остварување на нашите долготрајни желби. Така, ако има нешто на кое работите подолго време, за време на ова затемнување ќе бидете наградени за сиот напор што сте го вложиле.

Освен тоа, Јупитер и Венера се и симбол на изобилство, па фокусирајте ги мислите во оваа насока, заедно со мислите за благодарност. На тој начин вашето битие ќе се усогласи со текот на оваа космичка енергија.

Иако затемнувањето на Сонцето не бара од нас да поставуваме цели, тоа е идеален период да ги освестиме нашите срца и да се увериме дека се отворени за примање нова енергија.

Бидете благодарни и дозволете да ве води духот. Тоа ќе придонесе за суштествување на вашето битие на повисоки вибрации, кои, пак, ќе привлечат изобилство во сите области од вашиот живот.

Дочекајте ги промените и љубовта со ширум отворени раце. Сè се случува за ваше добро.

Откако прочитавте што ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето на 30 април, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе ги остварат своите соништа во мај.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар