Што ви е најважно во животот? На Лавот му е луксузот, на Ракот чувствата

Што ви е најважно во животот? На Лавот му е луксузот, на Ракот чувствата

Дали некогаш сте размислувале што навистина ви значи во животот? Според хороскопот, ова ви е најважно!

1-shto-vi-e-najvazhno-vo-zhivotot-na-lavot-mu-e-luksuzot-na-rakot-chuvstvata-www.kafepauza.mk_

Овен – Сакаат да бидат она што се, мразат преправање

Овенот ја цени индивидуалноста, независноста и потребата да биде она што е. Ниту шефот, ниту партнерот или кој било друг никогаш не смеат да му кажат што да прави или како да се однесува во одредена ситуација. Тие се најнезадоволни ако се присилени да се вклопат во некои норми. Сакаат луѓето да ги сакат онакви какви што се и не прифаќаат компромиси. Нивното мото е: Да се биде!

Бик – Најважно за нив е да го задржат она што им припаѓа

Биковите напорно работат на која било работа што ќе ја започнат. Кога нешто ќе остварат и постигнат, тоа не сакаат со никого да го делат. Практични се, па затоа се одлични работници. Не се алчни, но се борат за своето право, за правото на своите колеги, но кога ќе стекнат нешто во материјална смисла сметаат дека имаат потполно право над тоа. Никогаш не се откажуваат од своите работи… дури ниту поради љубовта. Нивното мото е: Да се има!

Близнаци – Најважна за нив е слободата на мислење

Нивниот брилијантен ум им е пасош кон светот. Во своите мисли може да заминат каде што ќе посакаат. Идеите им се волшебни. Ако некој им каже дека премногу размислуваат и дека треба да бидат попрактични, смртно ќе се навредат. Нивното мото е: Да се мисли!

Рак – Најважни им се чувствата

Раковите се забавни и игриви однадвор, но нежни однатре. Најмногу сакаат да уживаат во своите чувства. Нивното мото е: Да се чувствува!

Лав – Најважно им е да се покажат во вистинско светло

Лавовите се најубави, најхрабри и најсилни суштества на земјата. Но, мора да имаат можност тоа да им го покажат и на другите. Важно им е никој да не им го одземе нивниот луксуз. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието. Нивното мото е: Да се посакува!

Девица – Најважно за нив е да можат да донесуваат одлуки

Девиците се аналитичари. Способни се да ги забележат најситните детали, па затоа им е многу важно на нив да им се додели правото за да ја донесат конечната одлука. Се борат за слободата на мислење, но најважно им е да соберат многу податоци, по можност од различни извори. Нивното мото е: Да се анализира!

Вага – Најважно за нив е да ги задоволат другите, но и себе

Рамнотежата на идеите за Вагите е идеална состојба. На нив им е нужно тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно: работата, кариерата, семејството… Нивното мото е: Да се постигне рамнотежа!

Скорпија – Најважно за нив е да го добијат она што го сакаат и кога го сакаат

Скорпиите се најиздржливиот знак во хороскопот. Тие точно знаат што сакаат и можат да издржат многу работи за да го добијат. Мислат дека потполно го заслужуваат тоа и ако не го добијат не можат да бидат среќни. Нивното мото е: Да се заслужи!

Стрелец – Најважно им е да истражуваат и да ја видат целата слика

Стрелците најчесто се спонтани и го прават она што го сакаат. На нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми, па во секоја ситуација внесуваат хумор. Нивното мото е: Да се види!

Јарец – Најважно за нив е од лимонот да направат лимонада

Тие имаат моќ да искористат и да најдат намена за сè околу нив. Важно е да можат да го изберат она што мислат дека може да го изберат. Не им е секогаш лесно, но не се предаваат. Нивното мото е: Да се поправи!

Водолија – Најважна им е слободата, за сè!

Тие се оригинални и прагматични. Често знаат да шокираат, но и да расветлат, научат, објаснат и разберат. Се борат за сите видови слобода и никого не осудуваат. Нивното мото е: Да се знае!

Риби – За нив најважно е следењето на своите соништа

Рибите ја ценат и барат слободата на мислите и говорот. Визионери се и многу им е важно да го следат она во кое веруваат. Одземете им ја вербата и тоа е исто како да оставите риба на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на иста страна. Нивното мото е: Да се верува!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар