Септември ќе биде најлошиот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

Септември ќе биде најлошиот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

Септември ќе донесе многу непријатни сеќавања и лоши моменти од минатото за сите хороскопски знаци, но најмногу ќе ги погоди овие 3. Време е да се соочите со демоните од вашето минато и конечно да ги надминете тешкотиите кои со години се таложат во вашата душа. Па, ако сте припадници на еден од овие хороскопски знаци, еве што ве очекува и како да се подготвите за истото…

Овен: Ќе поминете низ пекол за да излечите траума од минатото

Полната месечина во Овен ќе биде космичка пресвртница за вас во септември. Нејзината светла, бела моќ ќе ве турне во следното ниво на вашиот идентитет и ќе ви помогне да си го разберете животот на начин на кој никој претходно не сте помислиле. Подгответе се, бидејќи токму овие нови сознанија ќе ве потопат во сеќавањата од минатото и нема да ви покажат розови или носталгични моменти. Баш напротив, ќе ве потсетат на тежок период и ќе ве натераат да поминувате повеќе време во сенките.

Но, не грижете се, не е сè толку црно. Повлекувањето во сенките е клучно за процесот на заздравување. Кој и да ви кажал дека работата на себе носи само позитивни чувства и оптимизам, е далку од вистината, бидејќи овој процес е исполнет со хаос и емоции што се тешки за дефинирање. Но, кога конечно ќе заздравите, ќе сфатите дека целиот трнлив пат се исплател.

Скорпија: Ќе треба да надминете неколку лични проблеми

Добри вести! Марс, вашата традиционална владејачка планета конечно излегува од ретроградна положба, а со тоа и вашиот живот станува помалку фрустрирачки. Но, имаме и лоши вести. За жал, Плутон, вашата втора владејачка планета сè уште е во истата позиција, и тоа ќе трае во текот на целиот месец. Тоа значи дека ќе минувате низ многу лични проблеми и тешкотии, со кои ќе мора да се соочите ако сакате да ги надминете. Време е да го најдете вашиот автентичен глас.

Вие веќе копате низ калта и ги наоѓате вистините што се закопани во длабочината, па само продолжете. Работата на себе е многу тешка, но набрзо ќе сфатите и дека вреди. На 30 септември овој процес ќе ви заврши и ќе почувствувате значаен напредок на полето во личниот раст и развој.

Риби: Ќе бидете натерани да ги надминете своите стравови

Од 25 септември, Хирон, планетата што ги води вашите најдлабоки, најтемни несигурности, ќе се врати назад во знакот Риби. Оваа планета е во ретроградна позиција од 4 јули, но повторно се враќа од Овен. Токму затоа и ќе ви ги донесе старите стравови и сеќавања од минатото, притоа терајќи ве одново да ги доживеете стресните ситуации со кои сте мислеле дека сте расчистиле. Единствената причина зошто ова се случува е да ви даде шанса конечно вистински да се соочите со нив и да ги победите. А тоа нема да биде лесно.

Поработете на вашата храброст. Ова не значи дека не ви е дозволено да се плашите. Сите се плашат. Но, вие и покрај стравот, треба да туркате нанапред и да се борите против тешкотиите за конечно да ги исфрлите од вашиот ум. Бидете храбри!

Не се пронајдовте во оваа листа? Дознајте и за кои знаци септември ќе биде најдобриот месец во годината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар