Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Овен

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Овен

Овие двајца ги чека врска во која ќе има интензивна сексуална привлечност и доволно интересни предизвици кои ќе ги одржуваат ментално и физички задоволни. Многу е возможно да изградат една долга и стабилна врска. Заедно можат да станат угледен пар кој има потенцијал да заработи богатство.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Овен

Двајцата треба да ја намалат својата агресивност, бидејќи доколку некој од нив не ја контролира, може да им создаде проблеми во односот. Овните се водени од Марс, планетата на страста и темпераментот, па доколку бараат партнер со кој ќе имаат неверојатен секс, потрагата треба да им заврши тука. Во оваа врска можат да се појават и некои непријатности доколку едниот од нив почне да се служи со манипулација или да крие тајни од партнерот. Освен ова, прогнозата на овој пар е одлична. Постојано меѓусебно ќе се предизвикуваат, а таквото однесување е одлична основа за жежок секс.

Жената родена во знакот Овен веднаш е привлечена од машкиот Овен, бидејќи може да го препознае својот слободен и бестрашен дух во него. Таа сака да биде „уловена“, а тој е секогаш спремен да го брка својот „плен“. Ова може да биде перфектен љубовен спој. Потенцијален проблем во оваа врска е тоа што обајцата знаат да бидат нетрпеливи и себични. Понекогаш знаат да си се посветат само на своите потреби, па да забораваат дека за играње танго потребни се двајца. Секогаш кога овие двајца ќе имаат слободно време за правење индивидуални активности, ќе им биде проблем да го одржат жарот во врската. Но, сексот во оваа врска ќе биде страстен и одличен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар