Риби и девица – љубовна комбинација

Риби и девица – љубовна комбинација

Партнери со хороскопски знаци риби и девица можат да изградат една навистина здрава љубовна врска. Тие се спротивни знаци во зодијакот, кои заеднички создаваат рамнотежа, на начин што едниот ги надоместува недостатоците на другиот. Тие се едно лекомислено, добродушно и хуманитарно дуо, кое честопати има тенденција да го посветува своето време, помагајќи им на другите луѓе.Риби и девица - љубовна комбинацијаОбожавањето кај овие партнери е обострано и тие сакаат да си се разгалуваат. Двајцата тежнеат кон хармонична љубовна врска, која е навистина реално да ја имаат бидејќи се сложни и сочувствени по природа. Девицата може да и помогне на рибата да ги оствари нејзините соништа и амбиции, така што ќе и ги покаже соодветните начини потребни за да ги претвори нејзините идеи во реалност. Девицата претставува стабилна и спремна личност за емоционалната и интуитивна риба. Од друга страна, рибата може да и понуди нежност, љубезност и емоционална длабочина на девицата, а таа со сигурност ќе ги почитува овие особини.

Девицата ја интересира материјалниот свет и удобното живеење, поради што на моменти не може да го разбере едноставниот став кон работите кој го има рибата. Погледите кон животот на овие два знака можат да бидат многу спротивставени. Доколку еднаш успеат да ги прифатат и надминат нивните разлики и научат да ги комбинираат нивните различни енергии, нивната врска ќе биде задоволувачка за двајцата партнери.

Девицата е предводена од планетата Меркур, а рибата од Јупитер и Нептун. Кога влијанијата на Меркур и Нептун се комбинираат, може да се создаде фантастична духовна конекција. Миксот од овие три планети, го прави ова партнерство идеалистичко. Влијанието на Јупитер во рибите, пак, додава една позитивна енергија, филозофски пристап, раст и развој во оваа врска. Ова трио од планети репрезентира добра комуникација меѓу партнерите, емпатија, имагинација и креативност.

Рибата е родена за да оствари добри односи со човечкиот род, благодарение на нејзиниот поетски дух и добродушност. Девицата има стабилен поглед кон животот и може да внесе поголема рамнотежа во карактерот на рибата.

Но, премногу добро може да постане лошо, доколку партнерите не се доволно внимателни. Непостојаноста на рибата може да ја нервира девицата, а на рибата, пак, може да и засмета претераната педантност и научен пристап на девицата. Но, и покрај нивните разлики, на овие двајца партнери ќе им биде лесно да ги надминат недоразбирањата.

Рибите и девицата имаат тенденција постојано да го менуваат нивниот интерес од една кон друга работа, како што ги водат чувствата. Партнерите меѓусебно се инспирираат и си помагаат и притоа формираат врска во која постојано извираат нови идеи и струење на возбуда во нивната крв. Конфликтите помеѓу нив се ретка појава и во принцип се решаваат сами по себе, бидејќи двајцата партнери ја разбираат уметноста на компромисот.

Најдобриот аспект од љубовта помеѓу риби и девица е нивниот комплементарен и меѓусебно хармоничен однос. Она што ќе ја одржи нивната врска долготрајна и цврста, е нивната приврзаност и способноста на секој од партнерите да ги разбере чувствата на другиот. Сите нивни пријатели ќе им завидуваат на нивната посветеност во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Jasne Reply

    ве молам ке можете ли да постирате комбинација риби и риби??? Ви благодарам 🙂

  2. Marija Reply

    Ke moze li da postirate kombinacija Ribi i Devica ? 🙂

  3. snezana Reply

    dve razlicni pojmovi,me uspesno!jas devica,a on riba!cudno neli!!!!

  4. katterina Reply

    zasto nema DEVICA – BLIZNACI ve molam objavete pozdrav4eeee

  5. tanja Reply

    vrska nema ovaa kommbinacija e smrt

  6. aleksandra Reply

    kombinacijava e cist promasaj

  7. Даме Reply

    Јас сум риби во хороскоп, женска ми е девица и сосема супер си се разбирамe и најубаво ни е .. и не е чист промашај како што мислите .. секој си има свое мислење ама јас мислам дека ова е најубавата комбинација .. позз до сите! 🙂 ~

  8. elena Reply

    A ke moze li da napravite kombinacija ribi i oven ? fala odnapred pozz

  9. eli Reply

    moze kombinacija oven i devica?????pozz

  10. Д. Гомез Reply

    Се е точно 🙂

Напиши одговор на eli Откажи одговор