Полна Месечина во Овен: Време е за пресврт!

Полна Месечина во Овен: Време е за пресврт!

Денес ќе настапи пресвртница благодарение на движењето на полната Месечина. Тоа значи дека е неизбежна промена. Ќе се разбуди воинот во вас, ќе станете порешителни и ќе си го повратите назад сето она што сте го изгубиле задоволувајќи ги другите. Токму денес нè очекува полна Месечина во знакот на Овен.

Полна Месечина во Овен: време е за пресврт

Имавте можност да осознаете многу нешта при приватните и деловни средби со другите, а во наредните недели време е да се запрашате – каде сум јас во целата таа приказна и што можам да сторам за подобро да се спознаам себеси, а со тоа и другите?

Меркур што се движи напред ви доставува информации што повеќе не можете да ги игнорирате. Понекогаш, најтешко е да си признаете себеси дека правите нешто што не е добро ниту за вас ниту за другите. Со признавање и прифаќање на таквите „пропусти“, започнувате со процесот на лична промена.

Ако продолжите да ги игнорирате увидените сознанија и да се однесувате на ист начин, ќе се соочите со тешкотии и проблеми. На тој начин, само би продолжиле да се жалите за другите и за нивното однесување, пропуштајќи ја притоа шансата за некаков пресврт. Ова е идеално време да препуштите дел од одговорностите и обврските што сте ги презеле, а кои не се ваши, на лицето кое е задолжено за нив. Вие сте оние што ги преземаат одговорностите бидејќи само сакате да го сочувате мирот, па затоа во овој период тоа ќе ве направи да се чувствувате уморни, исцрпени и честопати разочарани.

Сега е моментот да прозборите за сето она што го чувате во себе. Тоа не значи критикување и напаѓање на другите, туку едноставно споделување на чувствата и мислите. Влијанието на Плутон, од друга страна, може дополнително да ја засили вашата борба за власт. На пример, ако застанете и се борите, а не сте го направиле тоа порано, вашата акција може да наиде на гнев од другата страна. Важно е потиснатите емоции да не водат кон деструктивни модели на однесување и искрено да проговорите за она што ви значи. При процесот можно е да се разбудат некои стравови, па затоа добро би било да ги воочите навреме.

Анализирајте во кои ситуации одите против себе и она што ви е важно. Иако не сте секогаш свесни за таквите ситуации, сепак, кога ќе се најдете во некоја таква или слична ситуација, обидете се да сфатите во која насока одат вашите мисли. Тука лежи клучот за големата, лична промена. Промена што води кон тоа да се прифатите себеси онакви какви што сте.

Откако прочитавте за денешниот феномен и промените што ги носи тој, ви препорачуваме да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат среќа, љубов и благосостојба до 22 октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар