На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае полната Месечина во Риби на 31 август?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае полната Месечина во Риби на 31 август?

Полната сина Месечина на 31 август во знакот Риби се фокусира на поврзување на нашето срце и ум. Енергијата на Рибите често поттикнува идеалистички начин на размислување, но повеќето ќе останат приземјени благодарение на присуството на Сатурн.

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае полната Месечина во Риби на 31 август?

По завршувањето на секој лунарен циклус, полната Месечина го означува времето за ослободување, емоционална рефлексија и манифестација. Ова, исто така, не е типична полна Месечина. Не само што е супер Месечина, туку се нарекува и сина Месечина бидејќи тоа е втората полна Месечина во текот на еден месец (првата беше на 1 август).

Во продолжение дознајте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае месечевата енергија на 31 август.

Риби

Оваа ретка полна Месечина малку ќе ви ја зголеми самодовербата. Ова ќе биде одлично време да се предизвикате себеси: дали можете да ја покажете вашата вистинска природа без да размислувате за очекувањата на другите луѓе? Можете ли да преземете одговорност за вашите постапки? Имајте на ум дека секој внатрешен успех што ќе го постигнете сега, ќе ви помогне да стекнете поголема контрола врз вашата иднина.

Бик

Оваа Месечина ви носи многу надеж – време е да се ослободите од вашите самонаметнати ограничувања и да ги манифестирате вашите екстравагантни цели. Голема е веројатноста дека ве очекува вистински пресврт во иднина. Сепак, бидете особено внимателни со кого се опкружувате. Ќе бидете особено чувствителни кога се во прашање социјалните мрежи бидејќи ќе разберете кој навистина ве поддржува, а кој не. Одредени „пријатели“ само сакаат да го намалат вашиот успех и достигнувања.

Лав

Оваа Месечина ќе ве поттикне да размислувате за многу прашања. Можни се големи пресврти, особено кога станува збор за вашите интимни партнерства и финансии. Можеби ќе сфатите дека треба да ја прифатите одговорноста за одредена финансиска работа што сте ја занемариле или избегнале. Ова ќе биде добар момент и да ги разгледате вашите инвестиции.

Девица

Во следните денови ќе забележите напнатост во вашите односи. Затоа, нека оваа полна Месечина ви биде потсетник да останете силни иако ќе наидете на конфликти и расправии додека работите. Освен тоа, ќе бидете свесни за неисполнетите очекувања и неискажаните чувства кои демнат под површината. Не заборавајте дека и овој пат можете да се потпрете на вашиот аналитички ум.

Откако прочитавте на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае полната Месечина во Риби, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 28 август до 3 септември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар