Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Како и сè друго што го сочинува животот на човекот, така и ѕвездите влијаат врз креативноста што кај некого резултира во помала, а кај некого во поголема мера. Така, ѕвездите се меѓу главните „виновници“ за тоа дали некој е надарен со креативност или пак е склон кон нешто. Проверете колку сте креативни – можеби астрологијата ќе ви открие нешто што не сте го знаеле порано…

Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле до сега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Овен

Доминантната планета Марс влијае врз уметничките и духовните активности на Овенот кој по природа е импулсивен, нетрпелив, агресивен и раздразлив. Кога станува збор за поезија, на Овенот му недостига проникливост, но во сликарството брзо може да го осмисли она што го сака. Доколку е писател, Овенот може да се докаже со својата смисла за сатира, а би бил и многу добар карикатурист. Се на сè, Овенот е типичен знак за лидер, иако има и исклучителни уметници кои се родени во овој знак.

Бик

Венера е вашата доминантна планета која е тесно поврзана со убавината, па оттаму и присуството на овие квалитети во вашиот знак. Му припаѓате на земјениот знак, но и меѓу вас има многу големи уметници. Приземјени сте по карактер и се сметате за еден од најдобрите чувари на Зодијакот. Како уметници, Биковите секогаш се приврзуваат за позитивната страна на животот, отфрлајќи ја деструктивноста. Тие брзо наоѓаат решение за своите проблеми, без разлика дали се од љубовна или социјална природа. Писателите кои се родени во овој знак се побавни во творењето, но пишуваат долги романи. Ако припадниците на овој знак се пејачи, тогаш тие имаат моќен глас.

Близнаци

Бидејќи сте родени во знакот на Меркур, вие сте надарени со смисла за хумор и ве интересира сè што е во тек – политиката, светот, социјалниот аспект. Родени сте да работите во медиумите, а имате и талент за пишување. Карактеристичен за вас е астралниот дуалитет, како на пример во сликарството: на платното можат да се забележат две теми, а тоа се должи на двојноста на вашиот знак. Вашата омилена тема е внатрешната борба помеѓу потребата за компромис и донесувањето одлука.

Рак

Вашиот знак е полн со чувствителност, романтика и талент за уметност бидејќи е под влијание на Месечината што дополнително ја зголемува вашата фантазија. Ракот им припаѓа на водените знаци, па според тоа, тој е приврзан за семејството и децата, со оглед на нивната плашливост и несигурност. Ако сте писател, ќе пишувате за важноста на бракот и семејството во романите, а и ако сте сликар, темите нема многу да се разликуваат од претходните. Поетите во овој знак пишуваат носталгични и меланхолични стихови поради влијанието на Месечината. Писателите родени во овој знак лесно можат да напишат бестселер бидејќи нивната интуиција им помага да го почувствуваат моментот кога нивното дело треба да биде објавено, како и потребите и желбите на читателите.

Лав

Со вашата планета владее Сонцето, давајќи ви авторитет, сигурност и моќ. Често ги пропуштате своите можности и сте премногу свесни за вашите желби, но не сте многу креативни. Како писатели, сериозно ќе му се посветите на пишувањето, а вашите главни ликови ќе бидат, да речеме, некој цар или крал, претседател или некоја друга личност со што би ги заинтригирале сите околу себе. Сметате дека конфликтите играат голема улога во драмското дејство. Имате талент за пишување, а меѓу вас има и актери. Вие сте типичен огнен знак, а тоа дополнително ја нагласува и вашата креативност.

Девица

Сите Девици се одликуваат со остра и длабокоумна критичка мисла, како и префинетост во чувствата, а тоа се суштинските одлики на Меркур. Тие ништо не сакаат да му препуштат на случајот затоа што нивните планови се однапред направени, а времето го искористуваат правилно до крај. Ова не ги спречува да создаваат современи уметнички дела, дури и апстрактни, што на прв поглед можат да бидат погрешно разбрани. Нивната почит кон личноста им помага во креирањето уметнички дела, иако се можеби понаклонети кон техничките науки. Тие се перфекционисти, а тоа се манифестира преку различни начини.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар