Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак? - Part 2

Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле досега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Вага

Вагата припаѓа на групата воздушни знаци и е особено надарена со талент за уметност поради доминацијата на Венера. Морате да внимавате на сите лоши аспирации на Венера бидејќи вашите дела можат да бидат извештачени под нејзино влијание. Вие сте идеалисти, следбеници на правдата и вистината. Ако сте поет, имате убав и висок литературен стил на пишување. Понекогаш, тешко е да се одлучите и да преземете акција за да го преточите на хартија она што го носите во себе, за разлика од водените знаци. Не сте доволно амбициозни, а понекогаш сте дури и мрзеливи. Под влијание на Венера, секогаш го посакувате она што е убаво.

Астрологијата ќе ви открие нешто што можеби не сте знаеле до сега: Во што е креативен вашиот хороскопски знак?

Скорпија

Вашите уметнички способности се навистина моќни и мистични, под влијание на Плутон и доминантниот Марс. Вашата личност е честопати погрешно разбрана што е случај со сите уметнички знаци во Зодијакот. Како писател, силно го доживувате своето дело во кое ја внесувате сета ваша инспирација, а ако сликате, ќе откриете нови хоризонти, длабоки и темни, неразбирливи за останатите. Вашите дела се одликуваат со некаков магнетизам, а вие поседувате длабока интелектуална мисла, иако не секогаш креативна, така што можеби и ќе постанете новиот Толстој, но со помрачни идеи. Во таа смисла, професијата режисер на хорор филмови би ви одговарала.

Стрелец

Вашите дела се секогаш полни со љубов кон природата бидејќи Јупитер, кој доминира со вашиот знак, ве прави полни со оптимизам. Иако сте огнен знак, вашите уметнички способности се големи. Никогаш не сте мрзеливи, но мора да внимавате на прекумерното губење енергија, па затоа обидете се да го контролирате тоа. На нештата им пристапувате со голем елан, а отвореноста, искреноста и желбата за сè што е убаво не поминуваат незабележано. Полни сте со виталност благодарение на Јупитер кој од вас може да направи одличен уметник.

Јарец

Како и Бикот, и овој знак е прилично конзервативен, внимателен и рационален. Спротивно на другите знаци кои го сакаат животот и се заљубени во убавината, Јарците исто како и Скорпиите, се опседнати со смртта, мрачните идеи и паранормалното. Ова се објаснува со фактот дека со овој знак владее Сатурн, планета позната по овие карактеристики. Но, ако е роден да биде уметник, тогаш Јарецот е многу сериозен, зрел, реален и конкретен. Тој може да работи долго и напорно, се одликува со храброст и амбиција. Ако почне да пишува, тогаш сигурно е дека ќе напише долги романи и комедии полни со сарказам и иронија.

Водолија

Родените во овој знак се под влијание на планетата Уран. Водолиите се склони кон окултните науки и затоа честопати се погрешно разбрани од нивната околина. Меѓу Водолиите постојат и многу визионери. Тие се многу хумани луѓе и секогаш загрижени за другите. Доколку пишуваат литература, визионерскиот карактер ќе дојде до израз преку создавањето општествено-реформистички дела.

Риби

Луѓето родени во овој знак се под влијание на Јупитер. Нивната втора владејачка планета, Нептун, им подарува фантазија, па така тие се склони кон фантазирање и желбата да бидат во центарот на вниманието. Тие се воден знак, предодредени за уметност, музика, поезија, глума и јазици и имаат талент за пишување долги песни и дневници. Тие се најголемите романтичари меѓу сите хороскопски знаци. Нивните дела се полни со човечка топлина, убавина и хумор. Мистични се и честопати се случува да заталкаат во сопствената фантазија.

Откако дознавте за што имате најмногу талент врз основа на вашиот хороскопски знак, ви препорачуваме да прочитате и за хобијата кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, да ја подигнете самодовербата и да ја поттикнете креативноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар