Овие 3 хороскопски знаци треба да бидат претпазливи за време на владеењето на Водолијата

Овие 3 хороскопски знаци треба да бидат претпазливи за време на владеењето на Водолијата

Футуристичката Водолија лесно може да се заигра со Уран, планетата на хаосот, на бунтот и на неочекуваните промени. Владеењето на Водолијата ќе трае до 19 февруари, а предизвиците што ги подготви овој воздушен хороскопски знак ќе бидат особено тешки за припадниците на одредени хороскопски знаци.

Овие 3 хороскопски знаци треба да бидат претпазливи за време на владеењето на Водолијата

Додека некои хороскопски знаци ќе ги почувствуваат убавините на слободата и на новата енергија, некои хороскопски знаци ги очекуваат промени и избрзани одлуки што ќе им донесат тешкотии, несигурност и важни лекции. Овие 3 хороскопски знаци ги очекува ризичен период за време на владеењето на Водолијата.

Рак – Период на трансформација

Претходниот период (владеењето на Јарецот) ви донесе големи промени на емотивен план. Во секоја ситуација можевте да пронајдете компромис и да ги искристализирате вашите романтични желби, но овојпат Водолијата менува сè.

Сонцето е во вашата осма куќа, односно во куќата на интимноста, на сексот и на трансформациите. Транзитирањето на планетите ќе ви донесе големи предизвици во љубовта, а многумина ќе направат големи грешки во врските поради ненадејните промени на расположението.

Скорпија – Опасни игри со зборови

За време на владеењето на Водолијата, Сонцето ќе се наоѓа во вашата четврта куќа која ги означува семејството, домот и емоционалната стабилност. Ќе започнете да се фокусирате на вашиот мал свет и на луѓето што ги сакате. Но, ќе сакате да се одвоите од некои членови на семејството или од некои пријатели за кои сметате дека ви крадат енергија и ве спречуваат во некои работи.

Овие одлуки може да бидат тешки и конечни, па затоа размислувајте внимателно. За среќа, поврзувањето на Сатурн и Плутон ќе биде во вашиот комуникациски сектор, па постои можност да успеете да ги решите недоразбирањата на правилен начин.

Риби – Скриена емотивна и мистериозна душа

Припадниците на овој емотивен хороскопкси знак ќе се чувствуваат осамено, изолирано и нема да бидат свесни за своите цели за време на владеењето на Водолијата. Сонцето моментално е во вашата 12-та куќа, куќата на кармата и на соништата. Вие сте уникатна емотивна и креативна душа, но тоа не значи дека треба целосно да се изолирате.

Овој кризен период ќе потрае уште малку, а кон крајот на февруари ќе имате можност да покажете колку навистина вредите.

Прочитајте кои се најголемите шанси за вашиот хороскопски знак во февруари 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. chidera okobo Reply

    I was opening this article, keeping my fingers crossed that pisces wouldn’t be on this list. LOL.

Напиши одговор на chidera okobo Откажи одговор