Најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа

Најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа

Меркур влегува во знакот на Риби од 3-ти февруари, и ќе биде ретрограден од 17 февруари до 10 март, така што има многу нешта на кои треба да се внимава, особено ако припаѓате на некој од променливите знаци како: Риби, Девица, Стрелец или Близнаци. Следува интересен период за сите знаци.

Најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа

Овен

Почитувани Овни, почетокот на месецот ќе биде прилично динамичен за вас. Вие трошите многу време на другите и во никој случај не си посветувате време на себе, што може да ве доведе до непријатности. Ако планиравте да инвестирате во некаква деловна активност, тогаш сторете го тоа до 17-ти февруари, додека Меркур не стане ретрограден.

Емотивна е состојбата и во семејството, треба да направите нешто ново, бидејќи сè стана рутина. Време е да се посветите на вашата интимност и на вашиот партнер. Некои Овни што периодот биле оддалечени од своите деца, сега треба да ги посетат повеќе внимание.

Кога станува збор за здравјето, може да имате главоболки, а во втората половина од месецот болки во коските и забите. Пазете се од грипот и зајакнете го вашиот имунитет.

Бик

Драги Бикови, ова е месец полн со нестрпливост затоа што чекате некои финансиски промени, па затоа ќе треба да се вооружите со трпеливост. Некои Бикови може да бидат со црвено салдо во банките овој месец, но заемите и кредитите не се препорачливи. Потпрете се на вашата интуиција и на вашите способности.

Почнувајќи од 17 февруари, за вас се отвора деловна можност и може да ви биде понудена работа со скратено работно време. Вие одлучувате дали ви се исплаќа и дали вреди да ја прифатите понудата. Постојат поволни аспекти, така што можноста треба да се искористи.

Го запоставивте партнерот во целиот хаос, па сега е време да уживате со него. Некои пријатели кои ви се многу блиски сега може да ви забележуваат за нешто. Кога станува збор за здравјето, треба да ги исфрлите маснотиите, калоричната храна и слатките и да го зголемите внесот на растителни влакна, овошје и зеленчук.

Близнаци

Драги Близнаци, овој месец е многу активен за вас, затоа постои можност за поголем прилив на пари, особено ако соработувате со странска компанија или работите на Интернет. Близнаците се многу свесни за своите способности и за тоа што можат, а што не можат да сторат. Средината на месецот е прилично добар период, па може дури да добиете и нова понуда за работа. Многу успеси ќе зависат исклучиво од вашата способност, затоа дајте сè од себе и искористете го тоа.

Бидејќи вашата планета Меркур е ретроградна, можеби ќе се предомислувате во донесувањето одлуки, што нема да биде добро, па затоа треба да носите што побрзи одлуки. Бидејќи Марс е во вашето партнерско поле до средината на месецот, може да се најдете во некаква непријатна ситуација која нема да се реши сама од себе. Треба да вложите многу труд обострано, бидејќи може да слушнете многу тешки зборови и да имате лоша комуникација која треба да ја решите со разбирање и компромис.

Кога станува збор за здравјето, многу Близнаци се исцрпени и немаат сила, па затоа треба да се обидат да ја вратат физичката подготвеност. Вашиот имунолошки систем може да биде во пад,  па затоа земајте витамини и минерали.

Рак

Вие, драги ракови, со нетрпение ги очекувате плодовите на вашиот труд овој месец, а веќе околу 7-ми февруари ќе имате прилив на малку повеќе пари. Вистинската можност за работа и заработка ќе се појави веќе од средината на месецот, особено ако вашата деловна активност е поврзана со странство или странски фирми. Тогаш можете да очекувате убава сума на пари.

Некои Ракови веќе во втората половина од месецот може да добијат добри вести за унапредување на работа или да го променат работното место на повисоко ниво во рамките на колективот. Некои работи може и да ги запоставите, а тоа многу ќе ве нервира.

Ако сте во врска, нема да имате проблеми и сè се ќе се одвива доста непречено. Слободните Ракови можеби ќе имаат искушение со поранешниот партнер и ќе бидат во недоумица дали да ја обноват својата стара љубов.

Кога станува збор за здравјето, потребна ви е физичка активност или само пешачење. Хроничните пациенти може да се соочат со проблеми. Сè уште нема причина за грижа.

Лав

За вас, драги Лавови, овој месец може да биде незадоволителен. Некои зголемувања на плата што ги очекувавте ќе се пролонгираат, па дури може да изостанат. Тежок месец, особено во средината на месецот кога Марс влегува во вашето поле на работа и носи судири и конфликти.

Вашата збунетост и конфликтната состојба може да бидат предизвикана од невнимание. Можеби е најдобро да се одморите и да посветите време на себе. Во последната недела од месецот, ситуацијата ќе се смири, па треба подобро да ја испланирате соработката со партнерите.

Емотивно ќе имате многу поубава енергија, па многу Лавови ќе пленат со нивниот шарм, а слободните дури може да стапат и во врска. Кога станува збор за здравјето, некои индивидуи може да имаат проблеми со вратот, мускулите, ‘рбетот, притисокот и срцето.

Прочитајте за останатите знаци на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар