Овен и рак – љубовна комбинација

Овен и рак – љубовна комбинација

Кога овен и рак се во љубовна врска, се работи за случајот: „спротивностите се привлекуваат“. Овенот е брзоплет и наметлив, а ракот е сензитивен и емотивен. И овенот знае да биде доста емоционален, но на страстен и импулсивен начин, кој може тотално да го „разоружа“ ракот. И покрај тоа што ракот не се избрзува кога станува збор за љубовните врски и сака да оди чекор по чекор, енергичниот пристап кој го има овенот, може многу да го стимулира на позитивни промени во животот. Овенот од друга страна, може да ја смета емоционалноста на ракот како многу привлечна карактерна особина, бидејќи таа е одличен баланс на неговата острина и директност.Овен и рак – љубовна комбинацијаПроблеми во оваа љубовна врска може да настанат ако расположението на ракот постане премногу променливо, или доколку агресивноста на овенот почне да ги повредува чувствата на ракот. Овенот и ракот мораат да научат да ги слушаат желбите и потребите на својот љубовен партнер и да сфатат дека имаат различен темперамент, кој не треба да ги попречи да работат кон остварување на нивните заеднички цели. На овенот му е најбитно да успее во животот и да го „нахрани“ неговото его, додека на ракот му е најбитна хармонијата во домот и семејството.

Друга моќна движечка сила во оваа врска е екстремната заштитничка настроеност на секој од знаците кон нивниот љубовен партнер. Емоционалниот и сочувствен рак секогаш умее да му помогне на својот партнер и семејството кога тоа наидува на некои проблематични ситуации, а овенот ја користи неговата сила и храброст за да се бори против сè што му наштетува на неговото семејство.

Ракот може да му овозможи на овенот среќен семеен живот и емоционална стабилност. Но, понекогаш може да се случи ракот да изгради премногу идеализирана слика за неговиот љубен овен и да постане премногу посесивен, што може многу да го иритира независниот овен. Како и да е, овенот може да помогне во ваквата ситуација, на начин што ќе му даде на знаење на ракот дека го љуби најмногу на светот и дека вечно ќе ја негува нивната љубов. Овенот мора да научи да го слуша она што ракот му го зборува, бидејќи ракот се потпира на неговиот инстинкт и интуиција, па неговиот совет може да му помогне да избегне да носи непромислени одлуки, предизвикани од неговата типична неспособност за добро планирање.

Овенот е предводен од планетата Марс, а ракот од Месечината. Марс бил Богот на војната, а овенот е војник кој е спремен да одговори на секој предизвик кој стои пред него. Искрената, отворена, дарежлива и страсна природа на овенот му е многу привлечна на ракот. Тој во себе поседува една интензивна женствена енергија, а овенот може да му помогне да научи како да ја искористи за реализирање на неговите соништа. Во оваа врска, ракот е оној кој од позадина „ги влече конците“, а овенот е оној кој се впушта во битки.

Благодарение на неговата сентиментална природа, ракот може да му помогне на овенот да сфати дека понекогаш треба да го забави темпото и да ја цени убавината на животот, наместо постојано да трча од една на друга ствар. Од друга страна, овенот го учи ракот да не биде срамежлив и храбро да се бори за она што е негово. Но, понекогаш ракот знае да биде манипулативен со емоциите на неговиот овен, што може да го „убие“ неговиот ентузијазам. Исто така, овенот од своја страна знае да биде многу критичен и остар и поради тоа да ги повреди чувствата на ракот. За да функционира нивната врска и за да постои баланс помеѓу нив, ракот и овенот мораат отворено и слободно да разговараат. И двајцата се иницијатори, кои мораат да научат да соработуваат.

Надворешно, овенот изгледа како да е лидерот во врската, кој секогаш се обидува да најде нов предизвик во животот, но и ракот е индиректно „главен“, поради неговата емоционална контрола и способноста да излезе на крај со секаква ситуација. Ракот обично има поголема желба да направи компромис секогаш кога тоа е неопходно, за разлика од овенот, кој побурно реагира и си стои на зборот. Поради тоа, ракот најчесто ќе треба прв да попушта во конфликтните ситуации.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација овен-рак, е нивната многу интересна компатибилност. Во моментот кога ќе успеат да ги надминат бариерите и ќе сфатат дека работат во истиот тим, тие се една незапирлива сила. Активниот и енергичен овен секогаш е некаде надвор добивајќи го вниманието од другите луѓе кое му е потребно за потхранување на неговото его, а емоционалниот рак, секогаш го подржува во неговите амбиции во позадина. Оваа врска е многу урамнотежена, поради тоа што секој од партнерите има способност да го надополни она кое на другиот му недостасува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. lide Reply

    mnogu sme jaki,tocno

  2. LoL Reply

    зошто не правите статија за Рак и Лав?

  3. Кафе пауза Reply

    Затоа што комбинациите ги пишуваме постојано, од постоењето на Кафе пауза, што значи дека до крајот на септември ќе икочат сите можни астролошки љубовни комбинации. Комбинациите со рак, ќе почнеме да ги објавуваме во периодот на раковите, кој започнува од 22 јуни.
    Поздрав

  4. MariSanjar Reply

    Znaci neverojatno…definitivno najdobrata ljubovna kombinacija…Oven-Rak…Te obozavam rakce moe !!!

  5. KR Reply

    Bas mi se dopadna toa sto go procitav, i definitivno se soglasuvam so sekoj zbor,vo sekoja recenica se pronajdov i sebe si i mojot partner 🙂 Samo kontradiktorno mi e so ostanatite raboti so gi imam citano na net, za ljubovnata kombinacija rak-oven i site preporacuvaat da se izbegnuva 🙁 ahhhh ljubovvvv…

  6. ... Reply

    Jas sum rak devojka mi e oven definitivno najdobrata kombinacija samo treba vreme ali kakva ljubov sila i mok moze da ima pomegu ovie dva znaci retko kaj drugi moze da ima. Daj ti si samo prilika nema da zazalite 😉

Напиши одговор на MariSanjar Откажи одговор