Која е спиритуалната дарба на вашиот хороскопски знак?

Која е спиритуалната дарба на вашиот хороскопски знак?

Покрај останатите квалитети и карактеристики, секој хороскопски знак има и свои спиритуални дарби и таленти. На тој начин успеваат да воспостават баланс во себе, но и да ги задржат мирот и фокусот. Дознајте која спиритуална дарба ја има вашиот хороскопски знак.

Која е спиритуалната дарба на вашиот хороскопски знак?

Овен

Кон спиритуалното, пристапуваат како и кон сè друго во животот – директно. Искрени се во своите намери и верувања, но претераната самодоверба може да ја засили ароганцијата.

Нивниот карактеристичен спиритуален талент е прекогницијата, па затоа тие умеат да дознаат сè пред сите останати.

Бик

Биковите полека, но сигурно, чекорат кон спиритуалниот развој. Внимателни се, но и умеат да се чуваат од психички напади. Поради тоа што се реални и отворени, лесно учат нови спиритуални дисциплини.

Парапсихологијата е нивниот специфичен талент, па поради тоа полесно ги примаат сите спиритуални траги од околината.

Близнаци

Тие обожаваат да комуницираат и да делат совети на другите, но претераното размислување може да биде пречка во духовното отворање. Поради тоа, потребно е да го ограничат степенот на комуникација.

Близнаците се родени медиуми, па доколку ја негуваат оваа дарба, можеби еден ден ќе може да бидат поврзани со духовниот и реалниот свет истовремено.

Рак

Чувствителен и внимателен знак, чии стравови можат да ја блокираат комуникацијата. Нивната сочувствителна страна е позитивниот дел од нивната личност, но и се доволно мудри да препознаат ако некој си поигрува со нив.

Раковите интуитивно разбираат слики и симболи, па би можеле да бидат надарени за толкување тарот карти.

Која е спиритуалната дарба на вашиот хороскопски знак?

Лав

Лавовите уживаат во вниманието што го добиваат од другите, а имаат и изразена интуиција, која често се граничи со видовитост. Она што им пречи да го остварат својот природен спиритуален талент, е големото его.

Видовитоста, односно талентот да се претпостават одредени последици и случувања, може многу да им помогне и на самите Лавови, но и на нивните блиски.

Девица

Тие имаат голем потенцијал, кој за жал, е згушен од недостатокот на самодоверба и лежерниот став кон животот. Доколку ги победат овие пречки, лесно може да пристапат до библиотеката на духовните знаења.

Тие обожаваат астрологија, а и често може точно да го погодат вашиот хороскопски знак само врз основа на краток разговор или од самата ваша појава.

Вага

Вагите тешко ја прифаќаат спиритуалната енергија, бидејќи се плашат дека погрешно ќе ја користат. Затоа, треба да бидат храбри и отворени и да престанат да ја негираат својата спиритуална енергија.

Родени се за Таи Чи или било која друга медитација во движење. Поради тоа, спиритуалната енергија е лесно достапна за нив, од моментот кога ќе ја препознаат.

Скорпија

Тие се мистични и поседуваат голем потенцијал за канализирање на спиритуалната енергија. Воодушевени се од окултното и непознатото и сакаат да ја истражат оваа тематика.

Она за што се талентирани е телепатијата. Сакаат да дознаат што другите мислат, но и да се обидат да манипулираат со мислите на другите.

Која е спиритуалната дарба на вашиот хороскопски знак?

Стрелец

Овој знак е скептичен во однос на тоа дали верува во спиритуалноста, но секогаш добива јасен знак дека постои нешто над светот кој ни е познат. Во кризни ситуации тие успеваат да ја увидат и препознаат спиритуалната енергија која ги следи.

Тие би можеле да бидат одличен астрален патувач, во моменти кога се целосно отворени за енергијата на спиритуалниот свет.

Јарец

Тие спиритуалниот свет го сфаќаат сериозно и ги нервира кога некој се обидува да го побие нивното мислење. Нив ги привлекуваат старите спиритуални обреди, додека кон новите се сомничави и скептични.

Јарците може да покажат талент во толкување на древни записи, руни или други знаци поврзани со спиритуалноста.

Водолија

Водолиите се свесни дека постои нешто над овој свет, но трагаат по рационален научен одговор на спиритуалните феномени на кои сведочат. Но, тие ја чувствуваат енергијата на другите ентитети.

Со помош на спиритуалниот канал со другите ентитети, нивната свест може да гледа и слуша што таму се случува.

Риби

Тие се вистински емпати, препуштени на спиритуалните вибрации. Често се преполнети со емоции кои им ги мешаат спиритуалната енергија и реалноста.

За Рибите може да се каже дека се екстрасенс, односно исклучително чувствителни луѓе кои можат да ја почувствуваат вашата болка, емоција и психолошка состојба.

Прочитајте повеќе и за осмата чакра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар