Кои се причините поради кои секој хороскопски знак е склон кон токсични врски?

Дознајте кои се слабостите на секој хороскопски знак во однос на избирањето партнер кој освен убавите моменти ќе им донесе и болни спомени. Зошто токсичните врски се мета за секој хороскопски знак?

Кои се причините поради кои секој хороскопски знак е склон кон токсични врски?

Овен

Посакувате возбуда и неизвесност, а токму тоа и ви го нудат токсичните луѓе. За возврат добивате болка.

Бик

Премногу сте тврдоглави за да ставите крај на врската што не функционира.

Близнаци

Мислите дека не може да најдете подобар партнер, па се задоволувате со помалку.

Рак

Лесно се приврзувате, а тешко напуштате некого.

Лав

Научени сте да верувате дека не треба да бегате од проблемите, туку треба да ги решавате.

Девица

Слепо верувате во туѓите извинувања и секогаш давате втора шанса.

Вага

Секогаш го согледувате најдоброто кај луѓето, без разлика колку пати тие ќе ви го покажат нивното вистинско лице.

Скорпија

Мразите да сте сами, па влегувате во погрешни врски за да го избегнете животот како самец.

Стрелец

Ги „трампате“ љубомората и кавгите за љубов и страст.

Јарец

Верувате дека луѓето можат да се променат и ви се допаѓа предизвикот што доаѓа при обидот да ги промените.

Водолија

Вашето срце ја надвладува главата, а „пеперутките“ во стомакот го победуваат здравиот разум.

Риби

Премногу им верувате на другите и никогаш не ја согледувате алармантната ситуација пред да биде предоцна.

Дознајте и кој ќе биде најсреќниот ден во 2020 година за секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар