Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи

Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од вашиот живот, треба да обрнете внимание на овие две работи. Овие два правила ќе ви заштедат многу енергија, а можеби и многу време.

Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи

1. Сè треба да биде едноставно уште од самиот почеток

Од моментот кога ќе се запознаете, сè треба да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да ѝ кажете сè на таа личност и ако лесно се согласувате за повеќето работи, не испуштајте ја таа личност.

Едноставното значи добро. Комплицираното значи лошо.

Ако покрај вас имате личност која бара од вас да се менувате, да се приспособувате или да правите работи што не ви одговараат, тогаш правите голема грешка. Порано или подоцна ќе ви здодее да се менувате или на партнерот ќе му здодее да ве менува вас. Ако постојано треба да му се докажувате на партнерот, тој не е за вас.

2. Врската треба да донесе радост

Ако во врската не се чувствувате среќно, задоволно и исполнето, бегајте веднаш! Ако страдате и ако плачете заради него, тој не е за вас. Не размислувајте премногу бидејќи таквото однесување не е нормално.

Ако само едниот партнер се труди врската да биде исполнета со смеа и со задоволство, тогаш таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години остануваат и страдаат во врска што не ги исполнува. Тие чекаат нешто да се смени, но таа промена нема да се случи никогаш.

Ако неговите зборови ве растажуваат или ве вознемируваат, време е да го напуштите партнерот.

Односот со партнерот треба да биде нешто што ќе ве направи среќни и партнерот треба да биде некој на кого ќе можете да се потпрете кога имате некој проблем. Вашата друга половина треба да биде некој што ќе знае да ве насмее и да ве сослуша.

Прочитајте зошто е подобро да ја послушате вашата мајка ако таа ви рече дека не ѝ се допаѓа вашето момче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар