Какви жени сака секој хороскопски знак?

Пред да стапите во сериозна врска со потенцијалниот партнер, важно е да го слушнете и мислењето на ѕвездите. Прочитајте што сакаат од својата партнерка припадниците на секој хороскопски знак.

Какви жени сака секој хороскопски знак?

Овен

Личностите родени во овој хороскопски знак паѓаат на силни и независни жени. Тие сакаат жени кои го кажуваат точно она што го мислат и не се плашат да прифатат каков било предизвик. За Овните, вистинските афродизијак се успехот и способноста.

Бик

Срцето на Биковите го освојуваат забавни и женствени жени што им даваат вистинска поддршка.

Близнаци

Близнаците паѓаат на исклучително интелигентни и креативни жени, полни со смисла за хумор. Ако постојано успевате да го фасцинирате, тој ќе биде ваш.

Рак

Раковите сакаат жени кои во себе носат невиност и наивност, но и целосна посветеност. Ако кон нив покажете ранливост и желба да ве заштитат, веќе сте ги освоиле овие личности.

Лав

Лавовите сакаат отворени жени полни со самодоверба. Овие мажи паѓаат на жени што секогаш се средени од глава до пети, а телото и фризурата мора секогаш да им бидат совршени. Освен тоа, овие личности сакаат жената да биде исклучително образована, интелигентна, успешна и духовита.

Девица

Мажите родени во овој знак паѓаат на девојката од соседството – симпатична, но не и фатална и многу интелигентна. Таа е чувствителна, размислува логично и е многу лојална, а Девиците не сакаат премногу емотивни реакции.

Вага

Вагите веруваат во идеални врски, па секогаш ја бараат вистинската. Тие сакаат убава, самоуверена и интелигентна жена која ќе ги поддржува и ќе им биде верна до крајот.

Скорпија

Мажите родени во овој хороскопски знак сакаат да бидат најдобри и да го имаат најдоброто. Овие мажи бараат сексапилна, паметна, страсна и независна жена.

Стрелец

Стрелецот сака енергична жена која постојано ќе го предизвикува и која ќе го следи во неговите авантури без проблем и без приговори.

Јарец

На овие мажи им треба цела вечност за да се заљубат во некого, а тоа е причината зошто бараат жена што трпеливо ќе ги чека. Тие сакаат секси, но не и вулгарни, приврзани, но не и „залепени“ и жени кои имаат богат социјален живот и успешна кариера како приоритет.

Водолија

Водолиите бегаат од приврзани жени. Овие мажи сакаат самостојни жени кои нема да ги следат нивните стапки, туку ќе можат да водат одделен живот од нив, без да прашаат каде е тој сега и зошто оди таму.

Риби

Мажите родени во овој хороскопски знак многу често се заљубуваат, но она што навистина го бараат е нежна и великодушна жена со отворен ум која сака уметност и животни.

Прочитајте го сексуалниот хороскоп за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар