Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се ретроградни: Што значи тоа?

Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се ретроградни: Што значи тоа?

Сите го поврзуваат зборот „ретрограден“ со нешто лошо. Овој јули, покрај тоа што сме во сезоната на емотивниот Рак, дури четири планети се движат ретроградно. Покрај тоа, Марс е во знакот на Лав. Нè очекува многу бурен, но забавен период во кој ќе поминеме многу време размислувајќи за минатото. Во продолжение прочитајте што ни носат ретроградните Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун?

Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се ретроградни: Што значи тоа?

Јупитер

Оваа положба на Јупитер ни носи претпазливост. Се препорачува да не вложувате пари во текот на овој период, како и да ги минимизирате ризиците. Искористете го овој период за да работите на себе и да ги подобрите своите вештини. Во иднина, таа инвестиција ќе ви се исплати.

Сатурн

Кога Сатурн се движи наназад, тој носи патување во минатото. Оваа планета ќе нè натера да размислуваме за претходните чекори, планови и работни места. Дали донесовме добри одлуки? Време е да се преиспитаме. Исто така, многумина ќе размислуваат за поранешните партнери. Оние кои не расчистиле со минатото, сега ќе имаат шанса да му стават крај на тоа.

Нептун

Ретроградниот Нептун ќе нè натера да ги симнеме розовите очила. Оваа планета ги растерува сите наши илузии и фантазии и нè враќа во реалноста. Време е да размислите какви се навистина луѓето околу вас. Исто така, размислете за идеите што планирате да ги реализирате. Дали навистина испланиравте сè добро? Некои работи не се такви какви што вие би сакале да бидат.

Плутон

Кога Плутон се движи наназад, тој продира длабоко во нашата потсвест. Така, темните тајни што одамна ги избегнуваме излегуваат на површина. Плутон ќе ни помогне да се промениме и да созрееме и на крајот да им простиме на оние на кои инаку не би им простиле.

Прочитајте кои 3 хороскопски ги очекуваат среќа, пари и љубов до 21 јули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар