Хороскопски водич за мажите - Part 4

Хороскопски водич за мажите

Јарец

10-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Одлучен, посветен, прагматичен. Секогаш се труди да го достигне врвот. Вашите желби во креветот ги спроведува во стварност со неверојатна ефикасност. Информациите ги складира во себе како човечки компјутер. Иако има силна конзервативна страна, но не и во спалната соба.

Каде да го најдете:

Во ексклузивна продавница за машка облека како се восхитува на прекрасните одела – тој мора да изгледа отмено.

Полн погодок за прв контакт:

„Имаш некој совет за моето интервју за работа?“ Тој е роден „муватор“. Со одлучен ум и фиксиран на својата амбиција, ја занемарува романтиката.

Неговиот каприц:

Овој моќен играч мора да знае дека и вие имате свои цели, така што споредете си ги петгодишните планови.

Ноќ од фантазиите:

Страсна средба на неговата маса во неговата канцеларија за време на канцелариска забава.

Водолија

11-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Ексцентричен, идеалистички и инвентивен, некој кој сака да ги крши бариерите и трагач по нови искуства. Уран ја разгорува неговата бестрашност и го инспирира неговиот интерес за секс-играчки и задавања на сопствени правила во креветот. Невозможно е да го изненадите овој слободоумен дечко.

Каде ќе го најдете:

На ренесансна изложба или во центарот на градот во новата галерија. Тој копнее по уникатни стимули.

Полн погодок за прв контакт:

„Ѕвездени патеки или Војна на ѕвездите?“ Интересот за научна фантастика покажува дека сте на иста бранова должина.

Неговиот каприц:

Тој знае сè. Прашајте го зошто не знае да си ги реши своите проблеми кога е таков експерт.

Како да го украдете неговото срцето:

Бидете супер модерна и со креативна смисла за мода – му се допаѓаат девојки од неконвенционална природа.

Ноќ од фантазиите:

Во кола, некаде крај патот за експлозивно либидо.

Риби

12-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Сладок, енигматичен, полн со разбирање, лежерниот воден знак е одличен слушател. Интуитивно ќе ве допира без ваши индикации и тоа одлично ќе го стори. Агресивните жени го доведуваат до лудило, затоа не плашете се да го направите првиот чекор.

Каде ќе го пронајдете:

На забави по работното време. Тие сакаат да се релаксираат од дневните притисоци.

Полн погодок за прв контакт:

„Светло или темно пиво?“ Ќе му се допадне што барате совет од него.

Неговиот каприц:

Останува пасивен тогаш кога акцијата е во тек. Кажете му дека верувате во неговиот избор.

Како да го украдете неговото срце:

Гледајте ги „Чарлиевите ангели“,тој смета дека се супер мачиња што ќе ги средат сите.

Ноќ од фантазиите:

Врзете го, Рибите сакаат да бидат потчинети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар