Хороскопските знаци и соништата

Секој хороскопски знак различно ги доживува соништата. Токму затоа откријте ја поврзаноста на соништата со вашиот знак и дознајте нешто повеќе за начинот на кој можете да ги пронајдете скриените знаци кои се кријат во вашата потсвест…

Хороскопските знаци и соништата

Овен

Иако можеби сонувате ретко, тогаш кога сонувате најчесто се наоѓате во ситуации каде што посакувате да решите некои службени проблеми, особено ако се занимавате со јавна работа. Вие имате професионална позиција или посакувате и во реалниот живот да преовлада натпреварувачкиот дух во вас.

Без разлика дали сонувате победа или пораз во боксерски меч или трка со спортски автомобили, кај вас секогаш е присутна потсвесната желба клучот за решението на некој проблем да се наоѓа во вашите соништа.

Бик

Поголемиот дел од претставниците на вашиот знак сонуваат многу, па затоа сакате откако ќе се разбудите детално да ги раскажувате соништата на вашиот партнер или на блиска личност. Вие ги нагласувате оние делови од сонот кои симболизираат моќ, авторитет, финансиска стабилност и пред сè љубов.

Може да се случи во вашите соништа да патувате или пак, да се ѝ се вратите на личноста која ја сакате, а токму тоа претставува компензирање за нешто што би сакале да го доживеете во реалноста, но кое што никако не доаѓа во вашите раце.

Близнаци

Во вашите соништа вие сте на сцена, опкружени со внимание или аплауз и тоа може да значи дека вашата желба за популарност во реалноста, без разлика на вашето занимање, едноставно никако не ви успева.

Доколку живеете брзо, бурно или крајно рационално ги решавате вашите проблеми, во вашите соништа се појавува „инстант“ решение во облик на неочекувана појава на личност која има поврзаност со далечни земји или странски градови. Оваа личност ќе ви помогне во оние моменти кога најмалку се надевате на тоа.

Рак

Бидејќи со вашиот знак владее месечината (фантазијата), вашите соништа се исполнети со потсвесни желби за успех кој со тек на време ќе го остварите, без разлика на сомнежите од вашите најблиски.

Соништата често ви укажуваат на средби со личности кои ќе ви пружат „вечна љубов“ или со оние кои ќе се потрудат вашиот статус во друштвото да биде на највисоко нив. Кога сонувате егзотични дестинации или луѓе кои доаѓаат од далечни земји, најчесто вашето претчувство не ве мами, бидејќи овие личности кога-тогаш, навистина ќе влезат во вашиот живот.

Лав

Вие обично го сонувате она што го симболизира вашиот успех, без разлика дали се работи за освојување на највисоката позиција на работа или неочекувано препознавање на вашите квалитети од личност во странство што ќе ви овозможи патување во друга средина каде што ќе потврдите дека секаде можете да се снајдете.

Често, соништата за странство претставуваат ваша скриена желба за пронаоѓање на идеалниот емотивен партнер.

Девица

Вие ни самите не сте свесни колку многу влијаат секојдневните случувања за кои постојано се нервирате врз вашите соништа. Често ве следи чувство дека имате некој заштитник кој се појавува во вашите соништа и кој ви дава насоки за животот, особено кога станува збор за емоциите.

Поради вашата практичност, соништата понекогаш за вас се вистинско олеснување бидејќи во нив едноставно сè е можно.

Вага

Се случува да имате соништа во кои некој ви укажува на вашето или на туѓо однесување во одреден временски период, а со тоа и ви помага да донесете решение уште пред да се разбудите, бидејќи во истиот момент кога ќе проработи вашата рационална природа, вие веднаш барате излез од онаа ситуација која лошо ви влијае.

Понекогаш сонувате личности кои во реалноста на некој начин сте ги запоставиле, но најчесто станува збор за ситуации во кои треба да прифатите или избегнете некоја одговорност.

Скорпија

Како претставник на водените знаци, вие имате привилегија многу да сонувате и често тоа што го гледате во соништата ви укажува на она што го посакувате во реалноста. Станува збор за безгранична љубов од личноста која ја сакате и остварување на вашите најскриени желби за кои ретко говорите.

Одвреме-навреме се случува да сонувате места на кои никогаш не сте биле, а за кои имате чувство дека некој ден ќе ги посетите. Во овие соништа ви помага вашата интуиција која никогаш не греши.

Стрелец

Најдоброто решение на некој проблем во врска со вашата физичка состојба или реалните можности најчесто се наоѓа во вашите соништа. Ова се случува поради влијанието на Нептун (фантазијата) и Јупитер (успехот) врз вашиот знак.

Вам ви се случува да имате и телепатски соништа, бидејќи некои ситуации или настани од животот на луѓето кои ви се блиски, на некој начин, повеќе или помалку, се поклопуваат со она што сте го сонувале. Токму затоа, дури и пред да станете свесни за тоа, вие веќе го имате најдено решението за проблемот во вашите соништа.

Јарец

Вашите соништа многу ви говорат, но најчесто ви разјаснуваат некои дилеми од реалноста, особено оние кои се поврзани со емоциите.

Вие најчесто знаете да правите разлика во вашите соништа помеѓу оние настани кои им се случуваат на вашите најблиски пријатели и оние моменти кога некој од паралелните светови ви доставува „шифрирани информации“ во кои лежи клучот за донесување на одредена одлука.

Водолија

Во вашите соништа доминира желбата за разновидноста, играта и радостите на живеењето кои се во голема мера проткаени од вашата потреба да бидете истовремено на две или повеќе места.

Успехот во облик на влијателни личности кои гледаат во вас нешто што го нема никој друг, кога сонувате, најчесто претставува знак за дилема во јаве, а љубовта симболизира атрактивна личност од вашите соништа која ќе сретнете онаму каде што најмалку се надевате.

Риба

Со вашиот знак владее Нептун, симболот на соништата, па можеби затоа најчесто сонувате во боја. Вие во вашите соништа многу често пронаоѓате практични решенија за ситуации кои не знаете како да ги решите во реалниот живот.

Вие обожавате да ги раскажувате вашите соништа на личноста покрај која се будите, а доколку сте сами, тогаш ги запишувате затоа што на тој начин имате чувство дека брзо ќе се остварат, особено кога станува збор за еротски фантазии со моќна и сексапилна личност која доаѓа од далеку.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар