Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак - Part 2

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Лав: Денис Рејдер познат како „Убиецот ВМУ“ (The BTK Killer)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Не е тајна дека лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Ако не се зборува за нивното дело, исто како да не се случило. За жал, кога станува збор за сериски убиец, потребата за внимание може да биде опасна. Тоа била пречката за неуспехот на Денис Рејдер или убиецот ВМУ. Опседнат со неговата потреба да се зборува за него, Рејдер ѝ праќал писма на полицијата потпишани со ВМУ што значи „Врзи, мачи, убиј“. Во овие листа тој се фалел за тоа како ги прогонувал жртвите пред да им влезе дома каде што ги врзувал и давел. Во 2005 година тој им пратил флопи диск на медиумите кои ја нашле адресата од која бил пратен и стигнале до убиецот. Рејдер бил уапсен, а тој веднаш ги признал сите убиства. Конечно го добил заслуженото „признание“ што толку го посакувал.

Девица: Леонарда Чанчули, позната како „Сапунарката од Кореџо“ (The Soap-Maker of Correggio)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Леонарда Чанчули била типична италијанска домаќинка. Таа правела торти и произведувала домашен сапун. Но, нејзините рецепти содржеле една тајна состојка: Човечко месо. Како и секоја Девица, тоа што таа го правела било за да помогне. Кога Леонарда слушнала дека нејзиниот син ќе биде регрутиран во италијанската војска, таа се обидела да го заштити. Па така, таа убила три жени со тоа што им понудила чаша вино за да ги издрогира, потоа ги убила со секира и ги исечкала труповите за да направи торта. Тортата ја послужила на нејзиното семејство. Но, што е со сапунот? Секако дека го користела за бањање! Ништо не може да ја уништи репутацијата на Девиците. Тие и понатаму важат за перфекционисти кои секогаш внимаваат на нивната хигиена.

Вага: Андреи Чикатило, познат како „Касапот од Ростов“ (The Butcher of Rostov)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Вагата е генерално смирен знак, така што ако таа реши да убива, тоа ќе биде во името на правдата. Овој хороскопски знак едноставно не може да ги поднесе животните неправди. Чикатило е одличен пример за ова. Имено, тој бил роден во периодот на масовно гладување. Неговото семејство јадело трева и лисја за да преживее, а брат му наводно бил киднапиран од страна на канибали. Згора на сѐ, тој Чикатило бил импотентен. Но, за време на неговото прво убиство, тој открил дека може да доживее оргазам само доколку боде, сече и канибализира жени и деца. Тој убил 52 жени и деца поттикнат од неговата морбидна потреба да ја оправда смртта на брат му, но и животот на кој бил осуден.

Скорпија: Чарлс Менсон

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Чарлс Менсон одлично ја отсликува способноста на Скорпијата да манипулира со човечкиот ум. Скорпиите можат да ги прочитаат најголемите стравови и несигурности на луѓето и да ги искористат во нивна полза, а тоа е една од главните одлики на Чарлс Менсон. Тој ја поседувал и харизмата на овој хороскопски знак и благодарение на неа можел да им го „пере“ мозокот на неговите следбеници. Тоа му овозможило да убие 9 луѓе во рок од 5 недели, летото 1969 година. Менсон бил толку харизматичен што откако бил затворен, тој станал симбол на насилството, лудоста и гротеската на општеството.

Преминете на третата страница за последните 4 хороскопски знаци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар