Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Сите луѓе имаат мрачна страна и лоши навики. Можеби обожавате да гледате морбидни видеа на Јутјуб или ги грицкате ноктите. Секако дека тоа не ве прави лоша личност, но понекогаш забавно е да се истражува таа темна страна на човекот, особено ако тука се вклучат и најпознатите сериски убијци. Доколку сакате да дознаете повеќе за вашата мрачна природа, прочитајте кој сериски убиец би биле според вашиот хороскопски знак…

Овен: Пол Џон Ноулс познат како „Убиецот Казанова“ (The Casanova Killer)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Овните се импулсивни и не прифаќаат критики. Тие копнеат по туѓото одобрување и прифаќање. Убиецот Казанова е одличен пример на Овен кој не бил прифатен. Откако родителите го дале на посвојување кога бил дете, тој не можел да се помири со фактот дека тие не го сакале и прифаќале. Прв пат бил уапсен кога имал 19 години и во затворт ја сретнал неговата идна свршеница. Кога таа ја откажала свадбара, Ноулс импулсивно почнал да убива наоколу и „средил“ 18 до 35 жртви за само една година. Овните се енергични и мотивирани, но имаат проблем со правењето планови. Па така, овој Казанова добил куршум во градите додека се обидувал да избега од полицискиот автомобил со рацете врзани во лисици.

Бик: Дени Ролинг познат како „Косачот од Гејнсвил“ (The Gainesville Ripper)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Биковите се сензуални, одлучни и големи уметници. Тие сакаат да си создаваат убава атмосфера што и да прават, макар тоа било убивање. Косачот од Гејнсвил ги покажувал телата на неговите жртви како да се на уметничка изложба. Тој дури и ја отсекол главата на една од жртвите и ја ставил на полица за книги за да ја видат полицајците кога ќе пристигнат. Во еден од случаите, тој наредил огледала околу креветот на жртвата за да постигне подобар ефект.

Близнаци: Џесмија и Тесмија Вајтхед познати како „Изопачените близначки“ (The Twisted Twins)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

За Близнаците се вели дека имаат две лица. Освен тоа, тие се многу приврзани за нивните браќа и сестри за кои би направиле сѐ. Па така, изопачените близначки ја прободеле и задавиле нивната мајка и го искасапиле нејзиниот ’рбетен мозок едно утро пред да одат на училиште кога имале 16 години. Кога полицијата пристигнала во нивната куќа, тие изгледале многу невино. Плачеле и биле видно вознемирени. Меѓутоа, приказните што им ги раскажале на полицајците не се поклопиле и тие биле однесени во затвор. Изопачените близначки покажале две сосема различни лица пред полицијата и додека убивале, исто како и Близнаците во секојдневниот живот.

Рак: Ед Гејн познат како „Лудиот касап“ (The Mad Butcher)

Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

Раковите или многу се приврзани за нивните мајки или ги презираат поради тоа што не им го даваат посакуваното внимание. Тие се големи домашари и домот за нив претставува безбедно засолниште. Токму затоа овој хороскопски знак најдобро би бил претставен од озлогласениот убиец Ед Гејн кој по смртта на мајка му ги откопувал гробовите на штотуку закопаните жени кои личеле на мајката и потоа го украсувал домот со нивните делови од тело.

Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар