12 факти што сигурно не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

Анимираниот филм Замрзнато дефинитивно успева да привлече сечие внимание, а откако ќе го гледате еднаш, ќе посакате уште еднаш, па уште еднаш… Лесно може да стане ваш омилен филм и да го знаете секој негов детаљ. Но, сигурно не сте ги знаеле овие скриени факти од зад сцената. Во продолжение прочитајте некои од нив.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

1. Тим од 50 луѓе работеле на технологијата за сцената каде што Елса ја гради палатата од мраз. За да се создаде една рамка од сцената биле потребни 30 часа. Спротивно на тоа, на Елса во филмот ѝ требаат околу 36 секунди за да ја создаде целата палата.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

2. Аниматорите биле на самит за сестринството за да разберат какви се односите помеѓу сестрите. Ова им помогнало да ја направат посилна врската помеѓу Ана и Елса.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

3. Во една верзија на филмот, по крунисувањето, Ханс ѝ дал на Ана снежна топка, но идејата пропаднала.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

4. Во почетокот постоела соблекувална помеѓу спалните соби на Ана и Елса. И покрај тоа што на публиката ќе ѝ било овозможено да гледа повеќе интеракција помеѓу двете сестри, аниматорите мислеле дека најдобро е да ги разделат, откако Елса случајно ја повредила Ана со нејзината моќ.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

5. Официјалниот грб на кралството се нарекува качунка. Тој е симбол на повторното раѓање и пролетта, а гледачите постојано мислат дека тоа е само убав цвет.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

6. Војводата од Веселтон првично бил замислен како кралски управувач на Ана и Елса, но, како што напредувала приказната, режисерите ја промениле неговата улога. Аниматорите требало да го одвлечат вниманието од Ханс, а војводата од Веселтон бил совршен за тоа.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

7. Крис Вилијамс, кој го зборува ликот на Оакен, станал режисер на филмот Големиот херој 6 (Big Hero 6).
12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

8. „Снежната кралица“, приказната на Ханс Кристијан Андерсен врз која се базира овој анимиран филм, првично била развиена од Волт Дизни во 1939 година.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

9. Кога Ана станува целосно замрзната, може да се забележи снегулка, потписот на Елса, во нејзиното око.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

10. Уметниците на Дизни морале да посетуваат курс по метеорологија, за да се запознаат со снегот и со формирањето снежни кристали.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

11. Кога Сантино Фонтана бил на аудиција за улогата на Ханс, тој ја пеел песната „I Feel Pretty“ од филмот Приказна од западната страна (West Side Story).

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)

12. Елса има повеќе влакна на косата отколку Рапанзел. Рапанзел можеби има околу 20 метри долга и блескава коса, но косата на Елса содржи 420.000 влакна.

12 работи кои не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen)



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар