Филм: Замрзнато (Frozen)

Магична бајка за љубовта помеѓу две сестри која ќе ве натера да поверувате и во невозможното

Филм: Замрзнато (Frozen)Режија: Крис Бак, Џенифер Ли

Гласови: Кристен Бел, Идина Мензел, Џонатан Гроф, Џош Гед, Сантино Фонтана

Времетраење: 102 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 ноември 2013

Жанр: анимација, авантура, комедија

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (68 гласа, просек: 9.26 од 10)

Loading...Loading...

Сè започнува со двете мали принцези, Елса (Кристен Бел) и Ана (Идина Мензел) кои премногу се сакаат и обожаваат да го поминуваат времето заедно. Елса, постарата сестра, е малку поразлична од останатите луѓе кои живеат во градот Арендеил. Таа поседува неверојатни моќи и може да замрзне сè што ќе допре, па дури и да предизвика да врне снег. Една вечер, додека тие си играат заедно, Елса случајно ќе ја погоди со магија нејзината сестра Ана во главата. Од страв дека ќе ја изгубат својата ќерка, родителите веднаш ја носат Ана на едно магично место каде што живеат тролови. За среќа, тие ќе можат да ѝ помогнат, но сепак, за секој случај, целосно ќе го избришат сеќавањето на Ана за моќите на нејзината сестра, притоа оставајќи ѝ ги само убавите спомени за пријателството меѓу нив две.

Филм: Замрзнато (Frozen) Филм: Замрзнато (Frozen)

Кралот и кралицата во обид да спречат да се повтори нешто слично ќе ги затворат портите од замокот и целосно ќе се изолираат себеси и своите ќерки од останатите луѓе. Тие постојано ќе се обидуваат да ја научат Елса како да ја контролира својата моќ и како да ја крие од сите околу неа. Но, стравот дека таа повторно може да повреди некого, ќе предизвика Елса не само да се оддалечи од сите, туку и од својата сестра Ана. И во оној момент кога ќе помислите дека не може да биде полошо, работите уште повеќе ќе се искомплицираат кога кралот и кралицата неочекувано ќе починат, оставајќи ги двете сестри да се грижат сами за себе.

Филм: Замрзнато (Frozen) Филм: Замрзнато (Frozen)

Приказната продолжува неколку години подоцна, на денот на крунисувањето на Елса. Тоа е еден прекрасен сончев ден кој Ана го чекаше со нетрпение, бидејќи тоа е денот кога конечно ќе се отворат портите на замокот. Таа е пресреќна и толку многу возбудена бидејќи се надева дека токму тој ден ќе ја најде љубовта на својот живот. Но, нејзината сестра Елса чувствува нешто сосема различно. Страв, нервоза, несреќа… И токму поради тоа ќе се случи нешто што никогаш не би помислиле дека е можно.

Филм: Замрзнато (Frozen)Филм: Замрзнато (Frozen)

По сплет на околности, Елса ќе ја изгуби контролата врз своите моќи и сите ќе дознаат за магијата која ја поседува во себе. Исплашена и во паника ќе се обиде да избега, не знаејќи дека зад неа се ќе остави замрзнато. Топлиот јулски ден ќе се претвори во студена и длабока снежна зима. Ана, чувствувајќи се виновно за целата работа решава да тргне во потрага по својата сестра за да ја убеди да го врати летото. На својата неверојатна авантура Ана ќе ги запознае Кристоф (Џонатан Гроф) и неговиот несекојдневен ирвас, како и пресмешниот снешко Олаф (Џош Гед).

Филм: Замрзнато (Frozen)Филм: Замрзнато (Frozen)

Мора да признаеме дека одамна не се појавила толку добра приказна од Дизни. Доколку решите да го гледате овој анимиран филм не се сомневаме дека веднаш ќе ви стане омилен од овој жанр. Интересните сцени, необичните карактери и прекрасните песни ќе го одржуваат вашето внимание до самиот крај, а во оние моменти кога ќе помислите дека можете да предвидите што ќе се случи следно, приказната ќе тргне во сосема друг правец и ќе ве изненади со неочекуван пресврт. Накратко, доколку сте љубители на анимираните мјузикли, „Замрзнато“ ќе ги надмине вашите очекувања и ќе се најде на првото место на вашата омилена филмска листа.

Филм: Замрзнато (Frozen)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. hhhhhhhhhhh Reply

    COOL FILM

Остави коментар