Девица и девица – љубовна комбинација

Девица и девица – љубовна комбинација

Кога две девици ќе стапат во љубовна врска, тие формираат една убава конекција. Спојувањето на две неверојатно практични и вредни души какви што се тие, создава прекрасна љубовна врска, на која двајцата партнери се многу посветени и приврзани еден со друг и покрај тоа што јавното покажување внимание ќе биде ретка појава. Нивниот заеднички перфекционизам и скептицизам може честопати да ги доведува до конфликт, но сталожените девици брзо ги решаваат сите проблеми и преминуваат на поубави нешта од карањето.Девица и девица – љубовна комбинацијаЉубовната врска помеѓу двете девици, работи како добро подмачкана машина, а ова особено се однесува на оние партнери кои живеат заедно или имаат деца. Во ова партнерство никогаш нема конфузија околу тоа што е чија обврска, бидејќи двете девици со задоволство ги реализираат нивните дневни планови. Правењето листи, навременото плаќање сметки за комуналии и одржување на домот чист и уреден, се обврски кои на девиците им доаѓаат природно да ги завршат. Девиците имаат дискриминаторска природа и префинет вкус. Сè додека тие не се премногу груби еден со друг, нивната врска ќе ги исполнува на сите можни начини.

Девицата е предводена од планетата Меркур. Оваа планета е симбол на комуникацијата, карактеристика која девицата дефинитивно ја поседува. Како романтичен пар, девиците се способни меѓусебно да си ги „читаат мислите“. Овие партнери умеат да ја забележат нијансата на искажаните зборови и движењата на телото и притоа да дојдат до заклучок за нивното значење преку аналитичко размислување. Една од најмоќните алатки за функционирање на оваа врска, е отворената и искрена комуникација која постои помеѓу двете девици. Нивното логично резонирање, може да ги разреши речиси сите проблеми во светот. Тие се одличен пријателски настроен тим.

Девицата е земјен знак, а тоа е индикација за нејзината практична природа. Овој пар сака да биде опкружен со најубавите елегантни материјални работи и нема да прифати нешто што е помалку од совршено.

Претставниците на овој хороскопски знак се многу претпазливи луѓе, кои секогаш размислуваат два пати пред да преминат на следната работа во животот. Исто така девицата е способна да ја определи најдобрата постапка за другите луѓе, за разни ситуации и ќе знае да ве посоветува дури и ако таа активност вклучува пожртвуваност од ваша страна. Екстремната прецизност, уредност и педантност кои девиците ги поседуваат, ја прават ова врска ужасно романтична.

Девиците се флексибилни луѓе кои можат да се адаптираат на секаква ситуација во друштво. Овие партнери ретко се расправаат, но кога тоа се случува, брзо им поминува лутината. Ниеден од партнерите не е наметлив или доминантен, туку напротив тие се ентузијастички настроени за потребите и очекувањата на нивниот љубен/а. Девицата секогаш ги завршува работите до крај, а две девици заедно ја дуплираат оваа енергија, која им влева среќа во врската.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу девица и девица е приземениот и структуриран поглед кон животот кој овој хороскопски знак го има, како и трудољубивоста, приврзаноста и забавната страна која ја поседува. Двете девици се неверојатно компатибилни и тие тоа го знаат, а и сите нивни заеднички пријатели. Тие успеваат меѓусебно да си ги задоволат нивните потреби и настојуваат да ја направат нивната врска совршена.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Мери Reply

    Досаден пар, сигурно.

  2. Име Reply

    Toa bi bil EXTRA PAR …. uste i strastite koga ke se udruzat na dvete devici, toa e tempirana bomba… provereno … Super napisano, bravo za astrologot 🙂 pozdrav

  3. nikola Reply

    nisto od ova ne e tocno

    • nikola Reply

      jas sum devica vo brak so devica

      • me Reply

        i ja sum devica vo vrska so devica – i sve e tocno 🙂

Напиши одговор на nikola Откажи одговор