Бик и близнаци – љубовна комбинација

Бик и близнаци – љубовна комбинација

Кога бик и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат меѓусебно да си дадат доволно време за да сфатат која е движечката сила во нивната врска и на кој начин најдобро би се согласувале. Двајцата партнери имаат многу нешта да си понудат еден на друг и можат многу да научат од нивната врска, но за да се случи тоа, потребно е да научат да бидат пофлексибилни и прилагодливи на потребите на другиот. Близнаците се познати по нивната двојна природа, поради која најчесто се двоумат дали да постапат на еден или на друг начин. Ако посесивниот бик е способен да му ја даде на едниот близнак безбедноста и блискоста која му е потребна, додека истовремено му ја овозможува на другиот близнак неговата слобода и независност, нивната врска ќе заземе добар правец. Бикот најверојатно ќе очекува многу повеќе од врската одошто близнакот ќе смета дека е потребно да даде, но за да постане спремен на таков степен на обврзување, потребно е да помине подолг временски период, во кој бикот ќе научи да биде трпелив.Бик и близнаци – љубовна комбинацијаСталожениот, сериозен и практичен пристап кон животот на бикот, се разликува многу од левтерниот, интелектуален пристап на близнаците. Ваквата разлика може да претставува поголем проблем, бидејќи близнакот може да го доживува бикот како малку здодевна и намуртена личност, а бикот пак може да мисли дека близнакот е површен и нереален. Токму поради нивните спротивставени карактери, овие партнери можат многу да научат еден од друг. Така, бикот може да му помогне на близнакот подлабоко да ги доживува секојдневните животни ситуации, а тој пак може да му помогне на бикот да внесе вариетет, забава и возбуда во неговиот живот.

Бикот е управуван од планетата Венера (љубов), а близнаците од Меркур (комуникација). Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и сензуалноста. Меркур, во близнакот внесува и женствена и мажествена енергија, а тој ја искористува онаа која најмногу му одговара во дадениот момент. Бикот бара страстен љубовен партнер во кој може да верува, па генијалноста која во себе ја носи близнакот, може да избледи доколку не постои толеранција во нивната врска. Ова може да биде незгодна ситуација, бидејќи близнакот за себе си мисли дека неговата досетливост е најголемиот квалитет во неговиот карактер. Добрата вест е дека, близнакот е доволно интелигентен за да научи да постане романтичен, чувствителен партнер, каков што бикот сака тој да биде.

Близнаците донесуваат одлуки базирани на разумот но и на моменталниот ќеф, додека бикот е попрактичен. Бикот во процесот на донесување одлуки си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да си ги остварам моите цели?“, а близнакот одлучува моментно, без притоа да чувствува притисок дека треба да се води според некој прецизен план. Врската помеѓу бикот и близнакот ќе биде во криза, доколку бикот се предаде на неговите посесивни чувства или доколку близнакот постане премногу независен, незаинтересиран и отсутен во мислите. Партнерите со овие хороскопски знаци мораат да настојуваат да останат искрени, отворени и флексибилни еден кон друг, за да ù овозможат на нивната љубовна унија добро да функционира. Велат, кога се сака, сè се може, па така и љубоморниот бик доколку доволно се потруди, ќе сфати дека и покрај тоа што близнакот честопати знае да биде непредвидлив и многу да флертува, нему врската која тие ја имаат му е многу важна. Исто така, бидејќи бикот знае да биде премногу тврдоглав и непопустлив, близнакот може да ја употреби неговата флексибилност и одвреме-навреме да му попушта на бикот и да ги остварува неговите желби.

Бикот има тенденција да се фокусира на една работа, личност или идеја во даден момент, а близнакот се префрла од една на друга ствар (или личност) во согласност со моменталниот импулс. Бикот мора да му овозможи на близнакот доволно простор и слобода, бидејќи во спротивно врската ќе почне да го гуши. Бикот исто така, треба да научи една многу важна лекција од близнакот: променливоста понекогаш е подобра особина од фиксната решителност да се тераат работите само на еден начин.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација бик-близнаци е сигурноста која партнерите меѓусебно си ја даваат во нивната врска, се разбира доколку бикот му овозможи на близнакот таа сигурност да ја прикажува на послободен начин. Сè додека партнерите настојуваат добро да комуницираат, нивната љубов ќе биде стабилна, а нивната врска исполнета со среќа и хармонија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. kristina t.s. Reply

    ima vistina vo ova,teski luge se bikovite( m.rod) ,udiraat “silno” no vremeto pokazuva deka podocna samo nivnata glava raspukva _od l.isk.

  2. Eskobar Reply

    blage veze nema

  3. Eskobar Reply

    mislam na komentarot pogore!

  4. Elena Reply

    aj za LAV I BLIZNACI nikade ne procitav ::))

  5. tea Reply

    ima vistina:)

  6. константина Reply

    добро кажано

  7. Dimitar Reply

    ti normalna si ? maloumnik

Напиши одговор на tea Откажи одговор