Астрологијата ги открива будалштините што ги прават заљубените мажи

Астрологијата ги открива будалштините што ги прават заљубените мажи

Кога се заљубени, мажите се спремни да направат многу будалштини и да се однесуваат на таков начин што може да им донесе само штета. Но, и од овој аспект не се сите исти. Каква глупост ќе направи тој, многу зависи и од неговиот хороскопски знак…

Астрологијата открива: Еве кои глупости ги прават мажите кога им се допаѓа некоја девојка

Овен

Тој ќе има многу планови и идеи за вашиот состанок и ќе сака да се покаже во полн сјај, ќе ве покани на авантуристички состанок уште веднаш по првата средба, ќе сака да му бидете придружничка за венчавката на неговата сестра, ќе ви ги кажува своите планови за летување (уште во декември), а ќе ја планира однапред и новогодишната вечер (уште во август). Не плашете се од неговиот ентузијазам, но почекајте да видите дали тој ќе остане таков и после неколку состаноци.

Бик

Тој е љубоморен на вашето претходно момче. Во поширока смисла, љубоморен е на вашето минато, на сѐ во што сте уживале без него, а особено на момчињата. Можеби ќе ви изгледа малку непријатно и чудно кога уште на самиот почеток ќе покаже посесивност и љубомора, но не треба уште веднаш да се откажете. Кога ќе изгради доверба во љубовта, Бикот станува еден од најдобрите партнери во хороскопот.

Близнаци

Ова момче премногу ќе се фали, настојувајќи на тој начин да ве шармира. За среќа, Близнаците обично се многу симпатични, па дозволено им е малку и да досадуваат, но покрај нив тешко ќе дојдете до збор, односно до стандарден разговор. Но затоа ќе дознаете сѐ за него – за неговите претходни врски, за минатото, за неговите таленти, вкусот и неговите интереси. Тој ќе ве опсипува со информации од секаков вид и во некој момент ќе сакате да го замолите да остави нешто и за подоцна. Но, на крајот ќе бидете шармирани и заведени, баш како што и тој сакал.

Рак

Ако не го охрабрите доволно, момчето родено во знакот Рак најверојатно ќе се откаже. Тоа му е најголема мана, особено кога му е нешто многу важно, па ако стане премногу чувствителен и ве покани на состанок, а вие го одбиете затоа што сте зафатени, тој во тоа ќе го види вашето студенило и незаинтересираност, ќе се навреди и нема ниту да помисли дека вистинската причина за тоа е вашата преголема зафатеност. Потоа ќе пати сам и несфатен, а вие ќе се чувствувате како да не сте биле вредни за неговиот труд.

Лав

Лавот е навикнат лесно да го добива она што го сака, затоа што има целосно право на сѐ што заслужува и што смета дека му припаѓа, но кога ќе се заљуби, може да стане полош и од Близнаците, со намера да ве фасцинира. Ако е многу нервозен, ќе почне да ви ја кажува листата на девојки со кои се забавувал, односни нивните квалитети, со цел подобро да ви покаже со каква личност си имате работа. Тој уште долго време нема да сфати колку е тоа неубаво, но и покрај сè, вреден е за вашето внимание, ако имате доволно трпение. Оние кои го одбиле сигурно многу изгубиле, па така, пуштете го да зборува, и онака тие претходни партнерки нема никогаш да ги запознаете.

Девица

Кога навистина му се допаѓате на момчето родено во знакот Девица, тој ќе настојува тоа да го сокрие, ќе биде оддалечен и ќе ве остави вие да ја преземате иницијативата. А кога вам тоа ќе ви стане досадно и ќе почнете да ги губите своите чувства, тој постојано ќе анализира сѐ што до тогаш се случило помеѓу вас и ќе сфати дека вината е само негова. Затоа, кога мажот роден во знакот Девица е незаинтересиран, слободно претпоставете си дека е лудо заљубен во вас и продолжете да го освојувате.

Астрологијата открива: Еве кои глупости ги прават мажите кога им се допаѓа некоја девојка

Вага

Тој е спонтан и веднаш ќе реши да отиде на состанок со вас, затоа што е сигурен дека работите ќе се одвиваат сами по себе. Тоа значи дека нема никаков план и дека може дури и десет пати да ве праша едно исто прашање, а ако вие не ги преземете работите во свои раце и не започнете да зборувате нешто друго, вашиот состанок ќе се врти околу едни исти муабети. Неговото друштво е интересно, но неговата неодлучност и склоност бескрајно да се прилагодува, умее да биде досадна.

Скорпија

Ќе имате впечаток дека имате работа со вреќа за бокс, полна со тестостерон. Тој мора да ви покаже колку е доминантен и мажествен, а тоа го прави на најлош начин. Тој ги навредува и ги понижува другите мажи, а кон вас се однесува како да сте од порцелан и како да треба да ве држи на полица.

Стрелец

Кога Стрелецот е заљубен, тоа е како да се вратил во тинејџерските денови. Тој поцрвенува додека разговара со вас, не може да ве гледа во очи и премногу е чувствителен и нервозен. Ќе помине долго време додека повторно му стане удобно во сопствена кожа, но вреди да му дадете шанса.

Јарец

Ако Јарец се заљуби во вас, вие ќе имате искуство какво што не сте доживеале никогаш претходно. Никогаш немате сретнато некој што себеси се доживува толку сериозно и е решен да успее. Тој ќе ве води низ состаноците токму онака како што има замислено и тоа на висок стил, со кавалерски гестови и со соодветно однесување. Можеби и ќе успеете да уживате во тоа.

Водолија

Мажите родени во знакот Водолија умеат да бидат сјајни, духовити, забавни, шармантни, спонтани и опуштени, но ако многу им се допаѓате, нема ниту да го забележите тоа. Тие ќе бидат потивки и ќе ги кријат своите впечатоци, односно ќе бидат невидливи. Но, кога ќе започнат комуникација со вас на социјалните мрежи, никој нема да им биде достоен за тоа, затоа што целосно ќе ве пленат.

Риби

Тој ќе стане ваш најдобар пријател и нема ни да се посомневате дека има некои намери, односно дека е заинтересиран за вас во емотивна смисла. Не можете да му ги читате мислите, а тој баш би сакал да сте во можност да го наравите тоа, затоа што единствено така би можел да ви каже како се чувствува. Затоа, ако неодамна сте почнале да се дружите со маж роден во знакот Риби и сметате дека е одличен пријател, треба да се посомневате дека е заљубен во вас и да го истражувате на тоа поле. Тој ќе помисли дека сте му ги прочитале мислите.

Астрологијата открива: Еве кои глупости ги прават мажите кога им се допаѓа некоја девојка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар