5-те хороскопски знаци кои имаат најдобри сексуални односи

Некои парови имаат одличен однос во креветот, но други имаат потешкотии да се опуштат. Доколку ги прашате астролозите, вашиот хороскопски знак овде игра огромна улога. Според нив, следните пет хороскопски комбинации може да се пофалат со одличен секс.

5 хороскопски знаци кои имаат најдобри односи

Овен и Стрелец

Што се добива кога ќе измешате оган со оган? Секако, добивате посилен оган. Стрелците сакаат да го зачинат односот во спалната соба, а за тоа најмногу им одговара страсниот Овен. Тие заедно поминуваат жешки часови во креветот експериментирајќи со пози и разни додатоци. Освен тоа, двата знаци сакаат авантури.

Лав и Стрелец

Ова се уште два огнени знаци кои се одлични во креветот. Стрелците сакаат да истражуваат, а средбата со Лавот ќе им открие нови видови на уживање.

Водолија и Овен

Водолиите секогаш мечтаат и не се конвенционални личности. Тие сакаат да пробуваат нови начини на сексуално задоволување, а кога ќе се спојат со енергичниот Овен, тие добиваат желба да го кренат својот сексуален живот на ново ниво.

Близнаци и Вага

Близнаците се експерти кога станува збор за „валканото“ зборување во креветот. Заедно со Вагите, овие два знаци често користат глума за да го направат побогат својот сексуален живот.

Скорпија и Риба

Рибите се страсни, а Скорпиите се интензивни. Скорпиите сакаат да бидат чудни во креветот, додека Рибите се нежни. Скорпиите може да ги пробуваат сите свои фантазии кога се со Рибите бидејќи Рибите се подготвени на сѐ за да го задоволат својот партнер.

Следно, прочитајте и за 4-те хороскопски знаци кои уживаат во авантуристички секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар