4-те хороскопски знаци кои уживаат во авантуристички секс

Овие знаци се вистински авантуристи! Тие би направиле и би пробале сè само за да ја задоволат својата љубопитност. Ако сте во врска со еден од овие знаци очекувајте многу изненадувања, но и многу силни оргазми бидејќи тие без сомнение знаат што прават!

1. Овен

Како огнен знак, воопшто не треба да ве изненадува дека Овните се познати по нивните огнени карактеристики. Флертот и прегратките не се нешто за што тие се заинтересирани – луѓето родени во овој знак сакаат веднаш да преминат на главното. За Овните, сексот е помалку гест на љубов и повеќе потрага по задоволство. Со нивниот сексуален авантуристички дух, тие не се плашат да пробуваат нови нешта и да ги изразуваат своите фантазии.

2. Вага

Вагите се познати како оние што секогаш ги задоволуваат другите. За родените во овој воздушен знак, овозможувањето задоволство е нивно задоволство и како резултат, тие се интензивни и еротични под чаршафите. Колку што сакаат баланс, Вагите исто така сакаат и да го изненадат партнерот сексуално, па очекувајте го неочекуваното со нив! Исто така тие обожаваат да играат игри на улоги, но исто така и сакаат да бидат доминантни.

3. Скорпија

Не е тајна дека Скорпиите се најпознати по својата сексуалност во Зодијакот. Како воден знак, тие се многу страсни и сексот што ќе ве остави без зборови е гаранција со нив! Водени од страсната планета Марс, Скорпиите имаат тенденција да преминат од 0 до 100 за секунда, понекогаш прескокнувајќи ја предиграта целосно и веднаш преминувајќи на главната атракција. Но, тоа не значи дека и сексот ќе трае кратко. Баш напротив, со Скорпиите можете да очекувате маратонски односи.

4. Стрелец

Стрелците се авантуристите во Зодијакот, и токму таа жед за возбуда има тенденција да ги следи и во спалната. Водени од страста, родените во овој знак едвај чекаат да истражуваат и да доживуваат сè што е можно. Дури и кога се соочени со предизвикувачки сексуални позиции и застрашувачки играчки, тие се спремни за сè! Бидејќи овој знак е претставен од кентаурот, тие често се во потрага по физичките предизвици и ништо нема да ги спречи да ги постигнат.

Дознајте и кои парови на хороскопски знаци најдобро се бакнуваат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар