На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Сатурн во Риби во наредните 3 години?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Сатурн во Риби во наредните 3 години?

На 7 март, Сатурн, планетата на ограничувањата и дисциплината, почна да транзитира низ знакот Риби. Оваа планета во следните три години ќе ни помогне да сфатиме како самите себеси сме се измамиле благодарение на нашата имагинација и емоции.

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Сатурн во Риби во наредните 3 години?

Овој транзит ќе нè потсети дека гледањето на несовршеното минато низ розови очила само може да ја замагли и замати нашата визија за иднината. Неговата енергија ќе нè поттикне да одржуваме здрава дистанца од минатото додека го прифаќаме она што го носи иднината во обидот да го затвориме ова поглавје.

Сатурн ќе се пресели во Овен на 13 февруари 2026 година кога ќе го напушти знакот Риби, а овој транзит најмногу ќе им влијае на овие 4 хороскопски знаци во следните 3 години:

Близнаци

Дали сте подготвени да ја сфатите вашата кариера посериозно од кога било досега? Сатурн ќе влијае на вашата 10-та куќа на кариерата кога ќе влезе во знакот Риби, мотивирајќи ве да бидете посериозни и похрабри во поглед на вашата кариера. Сатурн ќе ви ги посочи и грешките и ќе ви помогне да ги избегнете. Иако вашата кариера и репутација може да доживеат многу подеми и падови во ова време, овој транзит на крајот ќе ја зацврсти вашата кариера како никогаш досега. Ќе бидете наградени ако продолжите да се трудите.

Девица

Сатурн ќе постави граници и ќе бара сериозност од вашите врски во следните три години. Знакот Риби владее со вашата седма куќа на партнерства, сојузници, пријатели и непријатели. Сатурн ќе ги истакне односите со луѓето во вашиот живот. Станува збор за планета која е симбол на долговечноста и посветеноста, што може да укаже дека сте подготвени да се омажите или да ја продлабочите врската со партнерот. Меѓутоа, бидејќи Сатурн е планета која не поднесува незрелост, ќе ви покаже дали динамиката на вашата врска е здрава или не. Покрај тоа, не трошете време на непотребни работи туку посветете се исклучиво на она што е важно.

Стрелец

Сатурн ќе ве поттикне да се поврзете со вашето минато. Се движи низ вашата четврта куќа на домот, семејството, корените и роднините. Длабоките вистини за вашето семејство и динамиката на домот можат да испливаат на површина, принудувајќи ве да ги поправите овие пукнатини и да воспоставите граници што ќе ви овозможат да имате поздрав однос со вашето семејство. Ако се чувствувате непријатно дома, овој транзит ќе ве поттикне да ја напуштите вашата лоша животна ситуација и да работите на создавање нешто уште посилно. Ако вашиот дом и семејството се веќе во добра форма, овој транзит ќе ве потсети да вложите уште повеќе енергија во вашиот личен живот. Иако парите и професионалниот успех се важни, тие се бесмислени без дом, семејство и хармонија.

Риби

Додека Сатурн ќе транзитира следните три години во вашата прва куќа на идентитетот, може да почувствувате голем притисок на вашите раменици. Иако многу работи во вашиот живот се при крај, уште подобри работи допрва почнуваат. На моменти ќе бидете премногу самокритични, но тоа ќе се појави како резултат на желбата да постигнете колку што е можно повеќе. Сатурн ќе ви помогне да сфатите дека сте способни да направите многу работи, па затоа престанете да барате изговори или да ги намалувате стандардите. Aко не почнете да ги сфаќате работите посериозно, можеби ќе добиете помалку отколку што заслужувате.

Откако прочитавте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Сатурн во Риби, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае спојот на Јупитер и Хирон во Овен во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар