Како ќе ни влијае спојот на Јупитер и Хирон во Овен во март?

Како ќе ни влијае спојот на Јупитер и Хирон во Овен во март?

Март е еден од најмоќните месеци во 2023 година поради сите ретки планетарни порамнувања што ќе се случат. Март, исто така, го отвора патот за сезоната на затемнување која започнува во април.

Како ќе ни влијае спојот на Јупитер и Хирон во Овен во март?

Освен тоа, март се смета за месец на еволуција и промени што ќе ни влијаат на духовно ниво. Одличен момент е и за да се ослободиме и да го дочекаме новото.

Еден од најзначајните астролошки аспекти во март е порамнувањето на Јупитер и Хирон во Овен.

Јупитер е планетата на изобилство, а Хирон е астероидот познат како „ранетиот исцелител“. Така, за прв пат по 12 години, од 9 до 15 март, благодарение на нивното порамнување ќе биде отклучен моќен портал кој ќе донесе позитивна енергија.

Време е да се ослободиме од емоционалните рани од минатото. Конечно ќе се стекнеме со поголемо разбирање, сочувство и сила за да ставиме крај на одредени работи. Лузните и раните од минатото сега ќе ни послужат како искуство и ќе ни бидат поттик да продолжиме да се бориме понатаму.

Според астролозите, бидејќи Јупитер и Хирон се порамнуваат само еднаш на секои 12 години, оваа позитивна енергија треба да се искористи. Отворете ги срцето и умот и знајте дека убавината може да се најде дури и кога мислиме дека сè тргнало наопаку.

Спојувањето на Јупитер и Хирон во огнениот знак Овен ќе ни помогнат да сфатиме дека раните се дел од животот. Енергијата на Овенот е огнена, независна, храбра, претприемачка и смела. Нормално е овој авантуристички дух да наиде на рани, грешки и тешкотии.

Не можеме да бидеме тажни ако не знаеме што е вистинска радост. Не можеме да успееме ако не грешиме. Хирон во Овен нè потсетува дека можеме да научиме многу работи преку нашите рани и непријатни искуства, нè поттикнува да растеме, созреваме и да останеме доследни на сопствените принципи и вредности.

Јупитер, пак, ќе нè поттикне да се фокусираме на големата слика, наместо да се фокусираме на малите и неважни работи. Јупитер ни помага да ја видиме светлината на крајот од тунелот и како можеме максимално да го искористиме местото каде што се наоѓаме.

Спојот на Јупитер и Хирон во Овен е прекрасна можност да посветиме внимание на нашето духовно исцелување и да запомниме дека дури и оние негативни искуства низ кои сме поминале имаат одредена цел.

Откако прочитавте за овој астролошки феномен, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Венера во Овен до 15 март.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар