Астролозите сметаат дека 11 март ќе биде среќен ден, па проверете зошто!

Астролозите сметаат дека 11 март ќе биде среќен ден, па проверете зошто!

Астролозите сметаат дека 11 март 2023 година е добар астролошки ден поради два хармонични секстилни аспекти – секстил на Венера со Марс, а шест часа подоцна и секстил на Меркур во со Уран. Оваа комбинација најавува возбудливи социјални искуства и подготвеност да се сретнете и да се поврзете со многу различни типови на луѓе.

Астролозите сметаат дека 11 март ќе биде среќен ден, па проверете зошто!

Венера во секстил со Марс е одличен момент за романса и дружење. Совршената комбинација на еротска енергија и наклонетост ќе направи да изгледате и да се чувствувате убаво и да бидете подготвени да давате и примате љубов. Врската која ќе ја започнете во овој период нема да биде површна туку ќе се заснова на интензивна меѓусебна привлечност и хемија.

Меркур во секстил со Уран носи љубопитност, идеи што водат кон размислување и чудна смисла за хумор. Отворени сте, подружељубиви и желни да запознавате нови луѓе и да научите нови работи. Можни се возбудливи вести и мотивирачки разговори. Можно е и пријателство со некоја необична личност, сосема различна од кругот на луѓе во кои се движите.

Како резултат на сето тоа, на 11 март 2023 година ќе имате можност за многу дружење, возбудливи познанства и ќе бидете полни со енергија.

Ќе научите да ги прифаќате другите онакви какви што се и ќе бидете поподготвени да стапите во контакт со луѓе со кои вообичаено не се дружите. Така, според астрологијата, 11 март 2023 година е одличен за стекнување пријателства и почнување романса. Ова е исто така одлично време за учење, дискусија и споделување искуства.

Откако прочитавте зошто астролозите сметаат дека 11 март ќе биде среќен ден, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните датуми во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар