6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветот

6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветот

Фенг шуи се занимава со уредување на просторот и живеење во согласност со средината во која живеете, на начин што привлекува позитивна енергија во вашиот дом и во вашиот живот, со цел да обезбеди среќа за целото семејство. Фокусот е на животната енергија (чи), која е придвижена од фенг (ветер) и шуи (вода). Исто така, енергиите може да се движат слободно, а тоа треба да влијае позитивно на расположението, но и на целиот живот.

6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветот

Во продолжение откријте што треба да земете предвид при уредување на просторијата според фенг шуи, но и што треба веднаш да исфрлите од спалната соба, поточно работите кои се наоѓаат под креветот, за да можете да спиете мирно.

1. Работи што враќаат лоши спомени

На пример, тоа може да бидат стари фотографии и сувенири. Негативните емоции поврзани со овие „спомени“ се мешаат со енергијата и влијаат негативно.

2. Скршени предмети

Истото важи и за скршените или оштетени работи од кои едноставно не можете (или не сакате) да се разделите. Или, сè уште чекаат да ги поправите. Оштетените предмети ѝ штетат на сопствената енергија и ја саботира вашата среќа.

3. Подароци од минатите врски

Без разлика дали станува збор за прекина љубовна врска или за пријателство кое завршило, според фенг шуи, фотографиите, подароците и спомените од старите врски може да доведат до нерамнотежа во сегашната врска.

4. Стара или валкана облека

Старата, искинатата, па дури и валканата облека нема што да прават под креветот. Имено, валканите алишта го попречуваат протокот на позитивна енергија.

5. Стари и скршени апарати

На техничките уреди кои се одамна застарени или скршени не им е местото под вашиот кревет. Металните апарати собираат негативна енергија, па затоа може да предизвикаат стравови и грижи.

6. Овенати растенија

Овенатите, мртви растенија значат мртва енергија. Наместо да се грижат за живост и убав мирис, овенатите растенија во фенг шуи значат болест.

Прочитајте ги овие чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар