12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Промени во расположението, зборување во сон, зголемување на тежината поради стрес – ова се само неколку од работите кои се доказ дека луѓето и животните се разликуваат премногу. Научниците докажале дека, луѓето не се толку уникатни и дека многу животни доживуваат емоции слични на човечките.

Споделуваме 12 неверојатни факти кои докажуваат дека животните се слични на луѓето во некои ситуации.

1. Слоновите со години тагуваат по загубата на своите блиски

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Сликите од бебето слон, кое само што ја изгубило својата мајка и тагува покрај нејзиното тело го потресоа целиот свет. Според наодите на истражувачите, слоновите можат да доживеат голем стрес при загуба на близок и може да го оплакуваат дури и по неколку месеци. Ако слоновите се приближат до местото на смртта на нивниот близок, тие може да застанат и да молчат и тоа може да трае неколку минути.

2. Шимпанзата чувствуваат емпатија, по претпоставка на истражувачите

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Студиите покажале дека шимпанзата покажуваат емпатија. Тие може да ги споделуваат и разбираат емоциите на другите, но исто како и кај луѓето, нивото на сочувство кај секој поединец може да биде различно. Според истражувањето објавено во списанието „Nature Communications“, по некој судир, шимпанзата можат импулсивно да дојдат и да ги смируваат вознемирените учесници во конфликтната ситуација.

3. Глувците можат да имаат десетици изрази на лицето

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Глувците ги искажуваат своите емоции на сличен начин како луѓето – според научниците од Универзитетот „МекГил“, глувците кои чувствуваат болка имаат неколку изрази на лицето. Исто така, очигледно глувците можат визуелно да ја искажат својата болка и да ги препознаат меѓусебните емоции.

4. Очигледно, делфините можат да зборуваат во сон

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Неколку делфини од францускиот аква-парк „Planète Sauvage “ биле снимени како имитираат звуци на кит додека спијат. Според француските истражувачи, делфините можеле да слушаат звуци од кит само во текот на дневните шоуа, така што тие ги „снимале“ овие звуци и ги репродуцирале во текот на ноќта, како нивна верзија на зборувањето во сон.

5. Гулабите може да се однесуваат нерационално, исто како и луѓето

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Се претпоставува дека гулабите сакаат да ризикуваат, па понекогаш се одлучуваат и за поризични ситуации, според студијата спроведена на Универзитетот во Кентаки. Овие птици понекогаш се одлучуваат за потешка задача при борбата за храна, наместо да се одлучат за полесната задача со иста награда, што е слично на однесувањето на луѓето – според истражувачите.

6. Мачките, исто така, може да ја зголемат својата тежина кога се депресивни

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас

Една од причините поради кои мачките добиваат во тежина може да бидат случаите кога доживуваат стрес, вознемиреност и некаква незгода, односно драстичната промена на тежината може да биде поврзана со емоционалната состојба на животното. Истото се случува и кај луѓето. Како и да е, ако вашата мачка ја зголеми тежината, најдобро е да посетите ветеринар и да ја проверите нејзината здравствена состојба.

Продолжете да ги читате овие интересни информации и на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар