Доцна легнувате и го преспивате целото утро? Науката вели дека најверојатно сте генијалци

Доцна легнувате и го преспивате целото утро? Науката вели дека најверојатно сте генијалци

Колку често ви се случува некој да ви вели дека ги правите нештата погрешно? Но, вие знаете дека тоа не е погрешно, туку дека едноставно сте сакале да ја завршите работата на малку поинаков начин кој според вас е поефикасен. Генијалците имаат неколку заеднички нешта и токму пливањето во спротивна насока од струите е една од овие нешта. Според истражувањата, оние кои остануваат будни до доцна се всушност многу попаметни и покреативни од останатите. Еве зошто…

Доцна легнувате и го преспивате целото утро? Науката вели дека најверојатно сте генијалци

Помалку се под стрес

Според најновите извештаи, луѓето кои доцна се будат најчесто се изложени на помал стрес и генерално се подобро расположени. Тоа има врска со фактот дека оние кои се будат рано имаат највисоко ниво кортизол, што резултира со болки во мускулите, главоболки и симптоми на настинка.

Редовно пијат кафе

Научно е докажано дека пиењето кафе има огромно влијание врз успехот. Луѓето кои пијат редовно кафе, често се впуштаат и во дополнителна физичка активност, што доведува до голем број здравствени предности. Овие луѓе имаат и зголемена енергија бидејќи кофеинот им влијае во текот на целиот ден и поради тоа нивниот мозок, како и телото функционираат на повисоко ниво. Иако луѓето кои стануваат рано исто така можеби пијат кафе, тие немаат многу голема корист од него. Истражувањата утврдиле дека кафето им го нарушува сонот на ранобудниците, додека пак, на ноќните птици воопшто не им влијае.

Подобро го искористуваат времето

Според едно австралиско истражување, оние кои учат во вечерните часови имаат многу подобри резултати на тестовите. Овие варијации во функционирањето кои се поврзани со одрено време во текот на денот воопшто не се невообичаени. Организмот се прилагодува на трајната промена на светлината и темнината во текот на 24-те часа во денот, со цел да ги избегне опасностите и побрзо да се продуцира. Токму затоа и кога утринските типови луѓе одат во својот дом да се одморат, ноќните птици го користат ова време за лично унапредување.

Остануваат фокусирани подолго време

Според студиите, оние кои остануваат будни до доцна имаат многу посилна мозочна активност од оние кои си легнуваат рано. Резултатите ни покажуваат дека ноќни птици имаат подолг деноноќен циклус, па затоа и подолго време можат да останат фокусирани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар