5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство

5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство

Физичкото здравје е многу важно кога станува збор за нашата телесна форма, но на ист начин можеме да го тренираме и својот мозок, односно своите ментални активности. Доколку сакате да водите поуспешен живот, исполнет со многу среќа и задоволство, тогаш треба да се обидете да ги применувате овие психолошки вежби секојдневно.

5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство

1. Вежбајте поставување цели

Дефинирајте ги целите, а потоа почнете полека да ги наоѓате оние начини со кои најдобро би можеле да ги остварите. Целите се лични и индивидуални, па секогаш треба да бидат доживувани како светлото на крајот од тунелот, кон кое се движите и кое ви дава самодоверба и сигурност. Но, внимавајте да не поставите премногу високи очекувања бидејќи можете да се разочарате.

2. Вежбајте го нивното остварување

Не мора детално да се подготвувате за сите цели. Понекогаш доволно е едноставно да ѝ дозволите на вашата енергија да ве води и да си кажете себеси дека вие можете да го направите тоа. Исправете се и тргнете кон напред, без двоумење и на тој начин ќе привлечете позитивна енергија кон себе. Навикнете се на успех, така што ќе почнете од помалите цели кон поголемите.

3. Вежбајте ослободување од менталните препреки

Со цел да ја развиете вашата ментална сила, вие мора да ги тргнете „помошните тркалца“. За почеток, обидете се да престанете да го одложувате будењето. Наместо да притиснете „снуз“, станете и соочете се веднаш со денот. Ако ова ви премине во навика, лесно ќе можете да го префрлите и на другите сфери во вашиот живот и ќе станете посамостојни и попродуктивни.

4. Вежбајте изградба на отпорност

Подгответе се за кратки рокови, лични неуспеси, борби и стрес во вашиот живот. Жилавоста не се создава со лесното преминување низ проблемите и фокусирање на позитивните нешта од животот. Вие мора да ги прифатите промените без лутина и аверзија. Тоа е многу важно ако сакате да зајакнете и да можете лесно да се справувате со сè посилни проблеми.

5. Вежбајте развивање на вашата ментална агилност

Внимателно планирајте го донесувањето одлуки, реакциите, вниманието и чекорите кои ги преземате. Во оваа цел може да ви помогне медитацијата за да се смирите себеси и да почнете промислено да реагирате во стресните ситуации. Од вашата ментална координација зависат многу нешта, започнувајќи од успехот во кариерата, па сè до физичкото здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар