Зошто треба да си ја знаете својата крвна група?

Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Таа иако може да влијае на целиот наш живот, повеќето луѓе не си ја познаваат својата крвна група. Во продолжение дознајте зошто би требало да знаете дали сте крвна група А, В, АВ или 0…

Зошто треба да си ја знаете својата крвна група?

Крвната група може да ви открие многу работи за вашата генетика

Познавањето на крвната група може да ви помогне подобро да разберете како вашето тело реагира на одредена храна, кои болести се ризични за вас, како реагирате на стрес, како стареете и уште многу други работи. Секоја капка крв е единствена исто како и отпечатоците од прсти. Според тоа, крвната група може да ви послужи како „алатка за навигација“ при одредувањето што е добро, а што лошо за вас.

Истражувањата покажале дека кај луѓето со одредена крвна група постои поголем ризик од одредени болести. Така на пример, кај поединците со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од појава на чир на желудник. Луѓето со крвна група А се изложени на поголем ризик од бактериски инфекции и кај жените со оваа крвна група забележана е поголема плодност. Кај индивидуите, пак, со крвни групи АВ и В е забележан зголемен ризик од болести на панкреасот.

Крвната група помага во одредувањето на најздравиот начин на исхрана

Антигените (молекулите кои го поттикнуваат производството на антитела, односно имунолошката реакција на организмот) на вашата крвна група не се наоѓаат само во крвта. Тие се распространети низ целиот организам, особено во деловите од телото кои се во постојан контакт со средината. Тука спаѓаат дигестивниот систем, од устата до дебелото црево, па сѐ до дишните патишта и белите дробови. Со оглед на тоа што антигените се насекаде, тие влијаат на телесната реакција на храната што ја јадете.

Освен тоа, некои прехранбени производи содржат лектини, односно белковини кои се врзуваат со антигените на крвната група и предизвикуваат слепување на крвта (аглутинација), поради што може да чувствувате умор, главоболка, проблеми со стомакот, проблеми со кожата и други здравствени потешкотии. Поради сето ова, познавањето на вашата крвна група може да ви помогне во одредувањето на најздравиот начин на исхрана.

Познавањето на крвната група може да ви го спаси животот

Најважната причина поради која би требало да си ја знаете крвната група е тоа што овој податок може да ви го спаси животот во случај на несреќа или сериозно заболување, кога ќе ви треба трансфузија на крв.

Доколку сакате да ја дознаете вашата крвна група, најдобро е да одите на доктор кој ќе ви даде упат за оваа постапка или доброволно да донирате крв, каде што ќе ви ја одредат крвната група.

Прочитајте ги и предностите и слабостите на луѓето со крвна група 0.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар