Зошто правењето помалку ќе ви даде повеќе?

Притисокот е постојан и доаѓа од секоја насока, од утро до вечер. Перформансот и продуктивноста се најважните зборови во денешното општество, а брзината и ефикасноста им даваат живот. Но што ќе се случи ако наместо брзање низ нашите животи во постојана состојба на замор, едноставно се обидеме да забавиме? Да забавиме само еден момент, да земеме воздух и да го вратиме мирот во нашиот ум кој ни е потребен за да го достигнеме вистинскиот потенцијал.

(1)zoshto-pravenjeto-pomalku-kje-ni-dade-povekje-kafepauza.mk

Околу нас гледаме луѓе кои „се убиваат“ од работа, кои мислат дека ако не брзаат кон нивните цели ќе бидат изоставени. Информациите постојано ги преплавуваат нашите сандачиња, социјални мрежи и ментален простор. Го осветлуваат нашиот телефон со нотификации кои веднаш го бараат нашето внимание. А на Интернет пак ќе најдете премногу совети за тоа како да вметнете уште некоја активност во и онака полниот распоред, за да ја искористите секоја секунда од денот. Но дали вметнуваме повеќе активности во денот или пак, го истиснуваме животот од нас?

„Најдоброто нешто од забавувањето е тоа што ќе ги имате потребните време и мир за да создадете значајни врски – со луѓе, култура, работа, природа, со вашето тело и ум“ – Карл Хоноре

Забавете само за момент и размислете кога сте најфокусирани, најкреативни и најдинамични. Дали е тоа кога вашиот ум е одморен или кога сте под стрес и сте преплавени од активностите кои го бараат вашето време и ментална енергија?

Нашата брза култура е како отров за анксиозните, а стресот стана толку нормален дел од нашите животи што ја забораваме неговата деструктивност. И тоа не само за нашето ментално и физичко здравје. Стресот ни ја намалува и способноста да ги постигнеме целите за кои и онака веќе се жртвуваме. Проблемот со оваа идеја за продуктивност е тоа што е дизајнирана за економски раст наместо за човечкиот потенцијал. И како што нè потсетува модерната епидемија од стрес, анксиозност, дебелина и други болести поврзани со животниот стил, висока е цената која ја плаќаме за ова малтретирање на телото и умот.

Се саботираме во културата на брзината

(3)zoshto-pravenjeto-pomalku-kje-ni-dade-povekje-kafepauza.mk

Многу често, првите жртви на нашите хиперактивни животни се нештата кои се клучни за нашето здравје. Имаме многу малку време за семејството и саканите. Имаме малку време за подготвување здрав оброк и уживање во него. Имаме малку време за вежбање, медитација и хранење на умот и душата со културни активности, или пак за какво било хоби надвор од работата.

Но секој се согласува со идејата дека побрзо е подобро. Околу светот постои движење од луѓе кои чувствуваат дека ако забавиме и правиме помалку, ќе ги согледаме придобивките од дополнителната љубов и грижа за работите кои навистина вреди да ги правиме. Бестеслерот на Карл Хоноре, „Пофалба на забавувањето: Предизвикување на култот на брзината“ (In Praise of Slowness: Challenging the Cult of Speed) се набројани некои од главните примери.

Искористување на нашиот потенцијал

(4)zoshto-pravenjeto-pomalku-kje-ni-dade-povekje-kafepauza.mk

Во Италија има движење наречено „Бавна храна“ (Slow Food Movement) кое се обидува да го прикаже зголеменото напуштање на здравата исхрана, како и самиот ритуал на семејниот ручек. Сето ова се претворило во брза храна и преработени состојки кои буквално нè убиваат.

Во светот на образованието, некои од најпрестижните приватни училишта во светот ја забраниле домашната работа кај деца под 13 години. Кој бил резултатот? Во едно вакво училиште во Шкотска, резултатите на учениците за математика и наука се подобриле за 20%. Дури и универзитетите како Харвард почнуваат да ги охрабруваат своите студенти да забават и да се задоволат правејќи помалку. И можеби најважното од сè, во Европа почнува да се намалува работното време. Ова е најизразено во скандинавските земји каде што среќата и продуктивноста на работниците одат заедно, а вработените уживаат во рамнотежата помеѓу животот и работата.

Дури и некои од најголемите корпорации сфатиле дека повеќе работни часови не значат и подобри резултати, туку дека можеби важи спротивното. Токму поради ова Гугл ги охрабрува вработените да поминуваат 20% од платеното работно време шетајќи слободно низ кампусот запознавајќи се со други луѓе и вклучувајќи се во социјални активности, со цел да се стимулира нивната креативност.

Ако Ајнштајн го кажал тоа, мора да биде така

(20zoshto-pravenjeto-pomalku-kje-ni-dade-povekje-kafepauza.mk

Она што Гугл, скандинавските земји и училиштата во Шкотска го сфатиле е дека луѓето се најдобрата верзија од себе кога нивната средина и животен стил се во корист на, а не против, нивното ментално, физичко и емоционално здравје. Позната е изјавата на Ајнштајн дека имагинацијата е највисоката форма на интелигенција, и дека креативноста претставува забава на интелигенцијата, па зошто да не почнеме да го користиме ова како мото?

Дајте си дозвола да забавите, и ќе ги согледате наградите од интелигенцијата која се движи кон големи дела.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар