Зошто некои луѓе постојано лажат? Психолог дава одговор на ова прашање

Патолошкото лажење не е клиничка дијагноза, но понекогаш може да биде симптом на некои други проблеми, како што е растројство на личноста и манични бранови. Некои луѓе едноставно толку се навикнати да лажат, што тоа го прават дури и кога немаат причина и кога е очигледно дека тие лаги лесно може да се откријат. Овие случувања ги оставаат другите без зборови и ги тераат да се запрашаат која е целта на таа измама.

Еве која е причината зошто некои луѓе постојано лажат

Еден психолог, кој со години работел со компулсивни лажговци, зборувал за тоа на кој начин размислуваат овие луѓе и зошто постапуваат така. Верувале или не, нивното лажење има смисла доколку ги гледате работите од нивни очи. Основната причина поради која луѓето лажат кога се во прашање неважни работи, е таа што за нив тие се важни. Иако сите околу нив сметаат дека станува збор за глупост, за оној кој излажал тоа е клучна работа, затоа што во себе можеби си ставаат непотребен притисок во врска со тоа. Секако дека вие тоа нема да го дознаете поинаку освен ако не ги прашате зошто им е толку важно. За нив, зборувањето на вистината изгледа како губење контрола. Честопати луѓето лажат затоа што имаат чувство дека ја контролираат ситуацијата, дека имаат влијание, донесуваат одлуки, реагираат како што сакаат и добиваат реакции по нивна желба. Вистината понекогаш е „непријатна“ затоа што не е во согласност со нивната приказна.

Тие не сакаат да ве разочараат

Можеби не ви се чини така, но луѓето кои постојано лажат имаат страв да не ја изгубат почитта од луѓето околу нив. За нив е важно другите да ги сакаат, да ги ценат и да мислат сѐ најдобро. Овие личности сакаат да ги импресионираат другите и затоа се исплашени дека вистината ќе ги оттргне другите од нив и дека ќе бидат осудувани.

Лагата е како снежна топка

Помислете што се случува со снежната топка кога ќе почнете да ја тркалате. Постојано се додаваат нови слоеви, сѐ додека не се направи една огромна топка. Така е и со лагите кои постојано се редат една по друга и доаѓаат до критична точка. Едната лага повлекува друга и така личностите самите влегуваат во своја замка од која не знаат како да излезат. Тие сметаат дека доколку признаат една лага, автоматски ќе бидат сметани како лажговци и со тоа ќе им дадат причина на другите да не им веруваат и да ги презираат.

Еве која е причината зошто некои луѓе постојано лажат

За нив, тоа не е лага

Лажговците често чувствуваат преголем притисок во одреден момент, па тогаш не можете да се потпрете на нивната меморија. Доколку нешто излажат, голема е веројатноста тие, во тој момент, навистина да веруваат во тоа. Ваквите личности се под влијание на стресот, моменталната ситуација и нивната желба и идеја како треба да излезе целата ситуација, па нивната психа креира сеќавања на поинаков начин. Ова понекогаш може да оди толку далеку што личноста ќе создаде алтернативен настан во својата глава кој ќе биде во согласност со нејзините уверенија и желби.

Тие сакаат тоа да биде вистина

На крај, лажговците може толку очајно да посакуваат нешто да биде вистинито, па дозволуваат тоа да ги измами и самите почнуваат да веруваат во својата лага. Луѓето понекогаш веруваат дека повторувањето на своите лаги ќе направи тие да станат вистински.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар