Зошто не добивате комплименти колку што заслужувате?

Сите сакаме да добиеме тон признанија секогаш кога постигнуваме некаков успех. Предизвикувањето восхит е еден од крајните резултати кои секој ги посакува кога ќе се нафати на каква било работа. Тоа го јакне нашето его и прави да се чувствуваме посигурни во себе.

Зошто не добивате комплименти колку што заслужувате?

Но, понекогаш покрај успехот, комплиментите изостануваат. Немојте да се лажете дека луѓето околу вас не гледаат што сте постигнале. Тие, едноставно, не можат да ве пофалат поради некоја од следните причини.

И самите не сте добивале комплименти

Луѓето кои биле лишени од комплименти од страна на родителите додека растеле можат да останат скржави на убави зборови кога се возрасни. Тие избегнуваат да оддадат почит за нечиј туѓ успех затоа што тоа може да ги извади на површина нивните лоши спомени кога очекувале позитивна оценка на своето достигнување, но не го добиле.

Ако се компетитивни

Благодарение на својата ниска самодоверба некои луѓе стануваат исклучително натпреварувачки настроени во животот. Постојано се во потрага во каква било победа која ќе им донесе потврдување. Од нив не треба да очекувате да ви признаат дека сте добри во нешто, затоа што така би го негирале својот победнички статус.

Мислат дека успехот бил очекуван

Има луѓе што сметаат дека некој минимум на успех е неопходен и очекуван, па затоа не мора да трошат зборови на комплименти. Тие ќе ве пофалат само при некој исклучителен резултат.

Не сакаат да ве кренат во облаци

Има и такви кои ќе се воздржат од пофалби наменети за вас само затоа што мислат дека тоа може да ве крене во облаци и да се однесувате вообразено со нив. И ова е последица на погрешен пристап на нивните родители.

Сметаат дека не се должни да ви го признаат успехот

Многумина кои како мали погрешно научиле дека привилегиите што ги добиваат се всушност нивни права, сметаат дека светот е должен да се поклонува на нивните „постигнувања“. Сепак, тоа не важи кога тие треба да пофалат некој. Тие нема да се заморуваат со вашиот успех.

Зошто не добивате комплименти колку што заслужувате?

Затоа, не земајте си при срце кога некој нема да ви признае дека добро сте завршиле некоја работа. Тие бездруго го гледаат тоа, само не можат да го кажат отворено. Впрочем, нивното непризнавање повеќе зборува за нив отколку за вашата вредност. Ако вие сте задоволни со вашите постигнувања, тогаш комплиментите од другите и нема да ви бидат толку потребни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар