Зошто капата бирачка од „Хари Потер“ е одлична метафора за животот во 20-тите години?

Зошто капата бирачка од „Хари Потер“ е одлична метафора за животот во 20-тите години?

Доколку сте љубители на книгите и филмовите за малиот волшебник Хари Потер, сигурно сте се запрашале во кој од четирите домови во Хогвортс припаѓате. Грифиндор, Хафлпаф, Ревенкло или пак можеби во озлогласениот Слитерин? Кои се вашите карактерни особини што преовладуваат? Моралот и храброста, трудољубивоста и работливоста, перфекционизмот и интелектот или пак амбицијата и лидерството?

Зошто капата бирачка од „Хари Потер“ е одлична метафора за животот во 20-тите години?

Нормално е тоа што сте збунети и што сѐ уште не сте ја запознале природата на вашата вистинска личност. Но, најважно е да се запрашате што сакате вие? Во кој дом би сакале да припаднете? Џ. К. Роулинг изигра многу паметно кога ни даде до знаење дека капата бирачка ги зема предвид нашите сопствени желби. Тоа значи дека нашата слободна волја игра најголема улога при донесувањето одлуки. На крајот на краиштата сите ние припаѓаме таму каде што ќе решиме дека припаѓаме.

На пример, ако сте решиле дека сакате да живеете во Италија, кога ќе ви се укаже прилика за тоа, вие ќе се чувствувате како да припаѓате таму. Тоа се случува затоа што вие така сте одбрале да биде. Капата бирачка била на вашата глава и вие сте извикале: „Италија!“. Можеби никогаш не сте ни биле таму, но отсекогаш сте мечтаеле за животот на тоа место. Сте одбрале место за кое што сте биле подготвени да се борите со сите ваши сили, бидејќи кога ќе донесете одлука давате сѐ од себе за да припаднете таму.

Вистината е дека никој од нас не „ припаѓа“ никаде. Не припаѓате ниту во Хафлпаф, ниту во Слитерин, ниту во Скопје, ниту во Рим. Не припаѓате во одредена врска или професија. Ние само одбираме какви сакаме да станеме и за што сме подготвени да се бориме. Како последица на тоа, си го создаваме местото каде што припаѓаме. Вие самите ја одбирате вистината во која ќе верувате.

Зошто капата бирачка од „Хари Потер“ е одлична метафора за животот во 20-тите години?

Значењето на сите градови, професии, врски и одлуки се само Роршахови тестови, производи на нашата потсвест. Кога сме сигурни во некоја одлука, подготвени сме да се носиме со последиците. Ги надминуваме сите предизвици и го прифаќаме крајниот резултат без разлика дали е добар или лош. Нашата реалност се прилагодува на нашиот начин на размислување, а не обратно.

Ако сакате да бидете во Грифиндор, ќе станете храбри. Ако сакате да бидете во Ревенкло, ќе станете паметни. Ако сакате да припаднете во Хафлпаф, ќе станете добродушни. Ако сакате некој град, личност или професија, ќе направите сѐ што треба за да стигнете до целта. Ќе си велите „Ќе успеам во ова“, сѐ додека навистина не успеете. Ќе си велите „Тука припаѓам“ сѐ додека навистина не припаднете. Ќе го правите тоа, сѐ додека не си докажете себеси дека сте биле во право, сѐ додека не ја докажете правилноста на изборот на вашата капа бирачка.

Зошто капата бирачка од „Хари Потер“ е одлична метафора за животот во 20-тите години?

Ако сте одбрале некогаш некој град, можете да се премислите и да одберете некој друг. Ако сте одбрале некоја личност која не ви одговара, можете да ја замените со друга. Во вистинскиот живот, Церемонијата за бирање не се случува само еднаш туку постојано, одново и одново.

Го поминуваме целиот наш живот одбирајќи каде припаѓаме, одбирајќи различни професии, врски и начини на живот. Но, многумина од нас забораваат дека метафоричката капа бирачка е на нашите глави и ни овозможува самите да направиме избор. Секогаш имаме право на избор. На крајот на краиштата, ниту еден избор нема да биде целосно погрешен, сѐ додека сме го одбрале она што го сакаме. Ако сме го одбрале она што ни значи и ако донесената одлука ни донела мир, не можеме да погрешиме.

Не заборавајте дека домот што ќе го одберете е домот каде што припаѓате. Тоа е местото каде што ќе треба да дадете сѐ од себе. А таквиот избор е секогаш правилен, без оглед на сѐ.

Во продолжение прочитајте ја и непроценливата мудрост на професорот Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар