Непроценливата мудрост на професорот Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

Сите љубители на приказната за малиот волшебник многу добро знаат кој е Дамблдор и колкава мудрост поседува тој лик од серијалот за Хари Потер на Џ. К. Роулинг. Дамблдор е гласот на разумот на Хари Потер, неговиот водич и ментор. Неговите мудри зборови ќе ви влеат надеж и ќе ве насочат на правиот пат, дури и тогаш кога ситуацијата ќе ви се чини безизлезна. Дозволете овој моќен волшебник да стане и вашиот глас на разумот барем за момент и прочитајте ги неговите мудри мисли кои ќе ви ја вратат вербата и ќе ве натераат на размислување…

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

„Хари, нашиот избор покажува кои сме навистина многу подобро од нашите способности.“

„Среќата може да се најде дури и во најмрачните времиња, само ако човек се сети да го запали светлото.“

„Според моето не толку скромно мислење, зборовите се нашиот непресушен извор на магија. Тие можат да предизвикаат болка, но и да ја излечат.“

„Не ги жалете мртвите. Жалете ги живите, а најмногу оние кои живеат без љубов.“

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

„Доколку ја потиснувате болката некое време, таа ќе биде многу посилна кога конечно ќе ја почувствувате.“

„Се плашиме од непознатото само кога размислуваме за смртта и мракот, ништо повеќе.“

„Староста е глупава и заборавена кога ја потценува младоста.“

„Нема да успеете доколку живеете во вашите соништа, а заборавите да го живеете животот, запаметете го тоа.“

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

„Вистината е и прекрасна и ужасна, затоа треба да се користи многу внимателно.“

„Чудно, но оние кои треба да ја имаат власта, можеби се оние кои никогаш не ја барале моќта да владеат.“

„Важно е да се борите, повторно да се борите и да продолжите да се борите, бидејќи само така злото ќе може да се држи под контрола, но никогаш целосно да се искорени.“

„Потребна е голема храброст за да им се спротивставиме на нашите непријатели, но исто толкава храброст е потребна и за да им се спротивставиме на нашите пријатели.“

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

„Сите мора да се соочиме со изборот помеѓу тоа што е правилно и тоа што е лесно да се направи.“

„И на најдобрите им се случува да си ги изедат зборовите.“

„Младоста не може да знае како се чувствува и размислува староста, но старите се виновни доколку заборават како е да се биде млад.“

„Иако доаѓаме од различни места и зборуваме различен јазик, нашите срца чукаат како едно.“

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

„Болката е дел од секој човек. Фактот што можете да почувствувате толкава болка е вашата најголема моќ.“

„Што повеќе пари и живот! Ова се двете работи што секој човек би ги одбрал како најважни. Проблемот е што луѓето честопати го одбираат токму она што е најлошо за нив.“

„Мораме да се обидеме да не потонеме во нашиот очај, туку да го пребродиме.“

„Силни сме онолку колку што сме обединети, а слаби – онолку колку што сме поделени.“

Непроценливата мудрост на Дамблдор од „Хари Потер“ за животот и надежта

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар