Зошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?

Идејата да се ставате себеси на прво место може најпрво да ви звучи себично. Можеби мислите дека тоа е нешто што никогаш не би требало да го правите, особено ако сакате да бидете добра личност која се грижи за нејзините најблиски. Меѓутоа, грижата за себе и самодовербата се многу важен дел од животот. Токму тие навики ни овозможуваат да бидеме добри луѓе. Ако се ставате себеси на прво место, ќе можете подобро да ги решавате проблемите и ќе бидете поприсутни во животот. Доколку постојано сте анксиозни и загрижени, доколку мислите дека веќе долго време ги запоставувате вашите потреби, најдобро е да почнете да ги менувате вашите приоритети…

Зошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?

Здравјето е на прво место

Колку време го одложувате лекарскиот преглед затоа што имате поважни работи во моментот? Не постои никој и ништо што може да застане пред вашето здравје. Ако се разболите, воопшто нема да можете да им помагате на луѓето. Разболувањето ќе ве направи слаби и уморни, а тоа навистина може да ве спречи да ги остварите вашите цели. Вежбањето, здравата исхрана и редовните прегледи се многу важни ако сакате да бидете силни и да имате полесен живот.

Работата може да почека

Вашата кариера е важна и дефинитивно треба да биде еден од приоритетите во вашиот живот, но не треба да биде најважна. Ако ги пропуштате семејните ручеци и работите прекувремено само за да заработите некој денар плус, постојат големи шанси дека ќе станете несреќни и ќе се отуѓите од вашето семејство. Исто така, ова ќе му даде изговор на шефот да ве притиска многу повеќе одошто можете да издржите, така што многу е важно да ги поставите вашите граници и да знаете кога да застанете, да си земете слободен ден и да одморите. Тоа ќе може да ја подобри вашата кариера, бидејќи ќе имате време да закрепнете и да се вратите на работа со нови идеи и неизмерна енергија.

Грижа за себе

Ако сакате да најдете љубов во животот, мора прво да научите да се сакате себеси. Одвојте половина час во денот за да уживате во топла бања или направете си маска за лице. Овие навики можеби ви делуваат безначајни, но многу се важни, бидејќи ви даваат можност да си ги наполните батериите. Одете на масажа барем еднаш месечно, угодувајте му на вашето тело! Немојте да ги потценувате вашите хобија и интереси, бидејќи токму малите работи можат да ви го подобрат расположението.

Зошто е толку важно да се ставате себеси на прво место?

Самодовербата е привлечна

Негативните мисли и запоставувањето на сопствените потреби доведува до создавање многу лоша слика за себе. Наместо да уживате во животот, вие трошите време на сомнеж и страв и на тој начин пропуштате многу можности. Наместо да се шегувате на своја сметка и да се критикувате себеси, зошто да не почнете да се цените?! Смејте се почесто, запишувајте ги работите што ги сакате кај себе, носете облека што никогаш претходно не сте се осмелувале да ја облечете. Давајте им комплименти на другите и прифаќајте ги оние што ви се упатени вам со грациозна насмевка, а не со сомнеж.

Ќе ги подобрите односите со другите луѓе

Самодовербата е привлечна. Луѓето кои се постојано уморни и лошо расположени не се многу забавни за друштво. Дури и да имате најдобри намери, нема да можете да им бидете поддршка на другите ако постојано сте исцрпени и болни. Доколку се ставите себеси на прво место, ќе им покажете на останатите дека знаете како да се справувате со проблемите и животот и дека имате доволно енергија и волја за да дадете помош и совет.

Грижата за себе не е знак на себичност, туку знак на комплетна личност. Многу полесно ќе ви биде да се однесувате љубезно ако сте одморени и среќни. Веселите и искрените луѓе шират позитивна енергија и сите сакаат да бидат во нивно друштво. И вие можете да станете дел од нив, само ако се ставите себеси на прво место.

Доколку постојано ги занемарувате вашите потреби, прочитајте кои е се 5-те начини на грижа за себе кои секоја жена би требало да ги применува.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар