5 начини на грижа за себе кои секоја жена би требало да ги применува

Во последно време изгледа дека е сè потешко да се најде време за грижа за себе, а ова особено се забележува кај жените. Се сеќавате ли кога последен пат сте си посветиле доволно време за себе, сте се обиделе да се грижите подобро за вашето физичко и ментално здравје или пак, сте внимавале што внесувате во вашето тело? Погледнете ги наредниве неколку начини кои можат да ви помогнат да изградите поздрав живот во кој ќе се чувствувате поздраво, поубаво и со поголема самодоверба…

5 начини за грижа на себе кои секоја жена би требало да ги применува

1. Стабилизирајте ја вашата тежина и шеќерот во крвта

Заборавете на сите екстремни диети, детоксикации со џусеви и постења. Престанете да се изгладнувате и започнете со јадење. Клучот за долгогодишна контрола на вашата тежина е во конзумирањето на храна која изобилува со чисти животински протеини, здрави маснотии и комплексни јаглехидрати. Нутриционистите препорачуваат лесна исхрана како медитеранскиот режим на исхрана или безглутенската диета. Внимавајте што внесувате во вашето тело, вашето здравје е во прашање.

2. Намалете го стресот и токсините

Што е тоа што ве влече надолу? Токсична работна атмосфера, пријатели кои хронично се жалат и монотони денови кои постојано ја црпат вашата енергија. Елиминирањето на овие предизвикувачи можат да влијаат на вашето општо здравје, но исто така и да ви ослободат простор во вашиот живот за сите оние позитивни нешта кои ќе ви носат повеќе среќа. За борбата со стресот и токсините можете да се обидете со акупунктура или вежбање на свеж воздух во природа со цел да се чувствувате поприземјено и поповрзано со она што е навистина вредно.

3. Одберете физичка активност која е соодветна за вашето тело

Почнете да размислувате надвор од кутијата и обидете се да го направите вежбањето интересно и креативно. За да ги почувствувате ефектите од физичката активност мора да сакате да го правите тоа, па токму затоа одберете начин на вежбање кој најмногу му одговара на вашето тело. Без разлика дали станува збор за јога, зумба или аеробик, откријте ги вежбите во кои вие најмногу уживате и не заборавајте дека целта на вежбањето е да се чувствувате подобро, а не да правите со сила нешто што е против сите ваши инстинкти.

4. Ослободете се од вината

Потребно е многу повеќе енергија за да го мразите своето тело отколку да го сакате. Па, што ако одвреме-навреме си дозволите да изедете поголемо количество торта или сладолед? Не е крајот на светот. Наместо да се обвинувате себеси обидете се да најдете начин како да им се спротивставите на овие мисли, бидејќи тие ќе ве навлечат во бескраен деструктивен круг кој секојдневно ќе ве турка подалеку од вашите животни цели.

5. Ставете се себеси на прво место

Ова можеби е најтешкото нешто што секоја жена треба да го прифати и надмине. Во нашиот природен инстинкт е да се грижиме прво за другите, а потоа за нас. Но, доколку сакате да бидете навистина среќни и здрави ќе мора да почнете да наоѓате време за себе, дури и да станува збор за само неколку минути на ден. Откако ќе почнете, брзо ќе забележите дека ова време ќе се зголемува, а со тоа и вашата исполнетост од животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар